Промени

Прејди на: содржини, барај

Педесетница

Додадени 2.176 бајти, 16:12, 15 јуни 2008
с
Надворешни врски
'''Света Педесетница''' (гр. πεντεκοστη лат. pentecoste, педесетница, педесетти ден): еден од најрадосните и најсветли празници на [[Православна Црква|Православната Црква ]] во кој се слави слегувањето на [[Светиот Дух]] врз [[апостоли]]те на педесеттиот ден од [[Пасха|Христовото Воскресение]]. Овој настан претставува исполнување на [[Стар Завет|старозаветните]] месијански пророштва.
Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку [[Господ Исус Христос]] токму поради тоа што православното учење како една службите на [[Месија|Месијата]] го назначува токму крстувањето преку [[Светиот Дух]], односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот [[ипостас]], а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.
==УчењеЗначење==
[[Image:Pentecost.jpg|right|frame|Света Педесетница]]
[[Свети Јован Златоуст]] укажува дека на денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Синот ги принесува „даровите на помирението“ на Бога на верните, преку Неговата жртва. Помеѓу Синот и Светиот Дух се остварува не само обична размена преку која Синот во залог ја зема нашата природа која истовремено преку [[Воскресение|Воскресението]] ја вознесува на небото, туку ни Го праќа и прославениот Христос и Светиот Дух покажувајќи го помирувањето помеѓу нас и Бог Отецот. Слегувањето на Светиот Дух е вистински знак на помирување, како што Неговото допирање било знак за гневот Божји. [[Свети Јован Богослов|Свети aпостол Јован Богослов]] тврди дека Светиот Дух не пребивал на земјата пред Христа, затоа што сѐ уште не можеоле да станува збор за помирување со Бога без Неговата жртва: „''А ова го рече за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.''“ (Јован 7,39) Поради тоа и самиот Спасител вели дека Неговото Вознесување е потребно за Духот да биде испратен како знак и дар на нашето помирување со Бога преку Неговата жртва: „''Но Јас вистината ви ја кажувам; подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.''“ (Јован 16,7) Според тоа, Духот сведочи дека сме преку Христос синови Божји по благодет: „''Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји.''“ (Рим 8,16) Прасликата на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите се согледува во празнувањето на Израилот на Педесетницата: имено, педесет дена по Пасхата, на празникот на Педесетницата, Израилците ја прославувале свеченоста на жетвата. На тој ден, сите доаѓале во Храмот и синагогите, украсени со цвеќа и гранчиња, принесувале благодарствени жртви за добрата жетва. Со време, Педесетницата станала и спомен на објавувањето на Божјиот Закон на Синај и склучувањето Сојуз помеѓу Бога и избраниот народ, за кое преданието велело дека се случило педесет дена после ослободувањето од ропство, и излегувањето од Египет, одностно старозаветната [[Пасха]]. И Новозаветната врска е очигледна: педесет дена после Таинствената Пасха, Бог Го испраќа Утешителот на својот избран народ.
==Педесетницата и Црквата==
:''Глас осми''
:Благословен си, Христе Боже наш,
:Ти ги направи Кој премудри риболовцитеги покажа,:испраќајќи кога им го испрати Светиот Дух;,:преку и со нив ја улови вселената,:ЧовекољупчеЧовекољубецу, слава Ти.== Кондак ==:Кога слезе, јазиците ги слеа, ги разделуваше народите Вишниот, :кога пак, огнени јазици раздаваше, во единство сите ги повика; :и согласно го славиме Сесветиот Дух.
==Надворешни врски==
* [http://mk.wikipedia.org/wiki/Педесетница Изворната статија на Википедија]
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2198 Македонска Православна Црква - За Светата Педесетница]
* [http://ortos.wordpress.com/2008/06/14/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/ Блог Свиток]
* [http://akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=477&Itemid=30 Американско-Канадска Епархија - Педесетница]
* [http://www.cresourcei.org/cypentecost.html Христијански Институт]
* [http://www.hit.hu/eng/article.html?id=60 Тајни разговори со Бога - Студија на Педесетницата]
[[Категорија:Празници]]
[[Категорија:Свети апостоли]]
[[Категорија:Избрани статии]]
3.103
уредувања

Прегледник