Промени

Прејди на: содржини, барај

Педесетница

Додадени 38 бајти, 20:32, 14 јуни 2008
нема опис на уредувањето
'''Света Педесетница''' (гр. πεντεκοστη лат. pentecoste, педесетница, педесетти ден): еден од најрадосните и најсветли празници на [[Православна Црква|Православната Црква ]] во кој се слави слегувањето на [[Светиот Дух]] врз [[апостоли]]те на педесеттиот ден од [[Пасха|Христовото Воскресение]]. Овој настан претставува исполнување на [[Стар Завет|старозаветните]] месијански пророштва.
Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку [[Господ Исус Христос]] токму поради тоа што православното учење како една службите на [[Месија|Месијата]] го назначува токму крстувањето преку [[Светиот Дух]], односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот [[ипостас]], а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.
3.103
уредувања

Прегледник