Никејска ера

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 12:38, 8 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{Вовед}} Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за Господ Исус Христос на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично Свето Предание на Православната Црква.

Никејска ера (325-451)

  • 325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
  • 326 Откривање на Чесниот Крст од светата царица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
  • 328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
  • 329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
  • 330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римската Империја, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
  • 336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
  • 337 Упокојување на св. цар Константин.
  • 340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
  • 341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
  • 345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
  • 348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
  • 350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
  • 351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
  • 355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
  • 356 Упокојување на св. Антониј Велики.
  • 357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. Бласфемија од Сирмиум.
  • 358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
  • 359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
  • 360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена цариградската Света Софија.
  • 362 Антиохиска схизма (362-414).
  • 361-63 Јулијан Апостат станува Римски император; обид да се возобнови паганството.
  • 364 Одржан Соборот во Лаодикија.
  • 367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за прв пат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
  • 373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
  • 374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
  • 375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
  • 376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
  • 379 Упокојување на св. Василиј Велики; императорот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
  • 380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римската Империја од страна на императорот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
  • 381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Милански на Соборот во Аквилеја.
  • 382 Папата Сирициј за прв пат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
  • 383 Упокојување на св. Фрументиј од Аксум.
  • 384 Соборот во Бордо го осудува Прискилијан.
  • 385 Упокојување на св. Григориј Нисски.
  • 386 Упокојување на св. Кирил Ерусалимски.
  • 387 Блажен Августин е покрстен од св. Амвросиј Милански.
  • 391 Упокојување на св. Григориј Богослов.
  • 391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
  • 392 Упокојување на св. Макариј Велики.
  • 393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; императорот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
  • 394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
  • 395 Блажен Августин станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
  • 397 Картагинскиот собор го објавува канонот на Светото Писмо; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
  • 398 Св. Јован Златоуст е избран за Архиепископ на Цариград.
  • 399 Анастасиј Римски и други епископи го осудуваат оригеновото учење.
  • 401 Блажен Августин го пишува „Исповеди“; папата Инокентиј I го поддржува св. Јован Златоуст и го осудува пелагијанизмот.
  • 402 Порфириј од Газа се здобива со императорски декрет со наредба за затворање на паганските храмови во Газа.
  • 403 Пребегнување на св. Патрик во Ирска;
  • 404 Мачеништво на Телемахос, што резултира со едикт на императорот Хоросиј кој ги забранува гладијаторските борби.
  • 405 Латински превод на Светото Писмо како Вулгата од страна на Софрониј Евсевиј Јероним.
  • 407 Упокојување на св. Јован Златоуст во прогонство.
  • 410 Падот на Рим под Визиготите.
  • 410 Аријанскиот Собор во Селеукија ги прогласува Месопотамските несторијански епископи за независни од православниот епископат.
  • 411 Пелагиј е осуден на Картагинскиот собор.
  • 412 Св. Кирил го наследува неговиот вујко Теофил како Папа Александриски; Хонориј го осудува Донатизмот.
  • 415 Св. Јован Касијан основа манастир во Марсеј.
  • 418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од императорот Хонориј.
  • 418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
  • 426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
  • 426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
  • 429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на Св. Сисој Велики.
  • 430 Петар Ивериски основа манастир во близина на Витлеем.
  • 431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанизмот и пелагијанизмот, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
  • 435 Упокојување на Свети Јован Касијан и Свети Акакиј Мелитински; Несториј протеран во манастир во Сахара со императорски указ.
  • 438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
  • 439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
  • 444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
  • 445 Императорот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
  • 447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.
  • 450 Основани се првите манастири во Велс.

Забелешки

Видете исто така

Надворешни врски