Разлика помеѓу преработките на „Недела на митарот и фарисејот“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Создадена страница со: right|frame|Митарот и Фарисејот во Храмот '''Неделата на митарот и фарис...)
 
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Publican Pharisee.jpg|right|frame|Митарот и Фарисејот во Храмот]]
+
[[Image:Publican Pharisee.jpg|right|frame|Митарот и фарисејот во Храмот]]
 
'''Неделата на митарот и фарисејот''' претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи [[Недела на блудниот син|Неделата на блудниот син]].  
 
'''Неделата на митарот и фарисејот''' претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи [[Недела на блудниот син|Неделата на блудниот син]].  
  

Преработка од 19:39, 23 февруари 2013

Митарот и фарисејот во Храмот

Неделата на митарот и фарисејот претставува почетно поглавје од Посниот Триод, литургиска книга што се користи за време на Великиот пост. Таа е прва од четирите подготвителни недели пред почетокот на Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на Закхеј, а по неа следи Неделата на блудниот син.

Значење

Фокусот на оваа недела е на Евангелието според Лука, 18, 10-14, во која е пренесена параболата за двајцата мажи, од кои едниот е корумпиран митар (цариник), а другиот е фарисеј, надворешно пристоен и праведен религиозен човек. Макар што фарисејот е оправдан пред Законот, неговата гордост заработува осуда од Бога. Митарот пак, иако целосно грешен и виновен, поради неговот смирено просење милост од Бога, бива оправдан според големото човекољубие Божјо.

Средата и петокот што следуваат по оваа недела не се пости, за и на тој начин христијаните да бидат потсетени дека сета нивна аскеза и подвизи, нивната надворешна набожност може да послужат за осуда и вечна погибел, доколку од нив се направи идол и се нема смирение.

Химнографија

Тропар

глас осми
Отвори ми ги дверите на покајанието, Животодавче,
оти утренува духот мој кон светиот Твој храм,
носејќи го храмот (мој) телесен, сиот осквернет:
но како штедар очисти ме,
со благоутробната милост Твоја.

Кондак

глас четврти
Да бегаме од фарисејското високословие,
и да се научиме на височините на смиренословието на митарот,
покајно возвикувајќи:
Спасителу на светот,
очисти го слугата Твој.

Видете исто така