Разлика помеѓу преработките на „Недела на Света Марија Египетска“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: '''Недела на Света Марија Египетска''' е петтата и последната недела на [[Велигденски пост|Велигденскиот ...)
 
Ред 1: Ред 1:
 +
[[Image:Zosimas and Mary of Egypt.jpg|right|frame|Св. Зосим и Марија Египетска]]
 
'''Недела на Света Марија Египетска''' е петтата и последната недела на [[Велигденски пост|Велигденскиот пост]]. Со неа започнува последната недела на Светата Четириесетница; се празнува споменот на [[Света Марија Египетска|преподобната Марија Египетска]], покајана блудница. После оваа недела доаѓа следи Цветната Недела, по што Црквата влегува во Страстната Седмица. Во четвртокот од оваа недела се чита целиот покаен канон на [[свети Андреј Критски]]. Доколку на тој ден се празнува Светото Благовештение, канонот се чита во понеделникот, истата седмица.  
 
Ред 35: Ред 36:
 
=== Надворешни врски ===
 
=== Надворешни врски ===
 
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=273&Itemid=96 Света Марија Египетска, АКМПЕ ]
 
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=273&Itemid=96 Света Марија Египетска, АКМПЕ ]
 +
[[Категорија:Пост]]

Последна преработка од 07:51, 20 март 2010

Св. Зосим и Марија Египетска

Недела на Света Марија Египетска е петтата и последната недела на Велигденскиот пост. Со неа започнува последната недела на Светата Четириесетница; се празнува споменот на преподобната Марија Египетска, покајана блудница. После оваа недела доаѓа следи Цветната Недела, по што Црквата влегува во Страстната Седмица. Во четвртокот од оваа недела се чита целиот покаен канон на свети Андреј Критски. Доколку на тој ден се празнува Светото Благовештение, канонот се чита во понеделникот, истата седмица.

Духовно значење

Духовното значење на оваа недела се согледува на три различни начини, од три аспекти:

  • Прво, дека без разлика на големината на гревот и изопаченоста во минатото, ништо не може да го оддалечи човекот кој пребива во покајание од Троичниот Бог.
  • Второ, Самиот Христос дојде за да ги повика грешниците на покајание и да ги спаси од нивните гревови (Лк. 5,32)
  • Трето, преку примерот на преподобната Марија на верните им се укажува дека никогаш не е доцна во животот, (или во постот) вистински да се покајат.

Како што се чита во молитвите, Христос со радост ќе ги прими сите кои се каат, дури и оние кои се дојдени во единаесеттиот час (според познатата парабола од Евангелието).

Химнографија

Тропар

глас четврти
Силата на Твојот крст, Христе, направи чуда,
така што некогашната блудница се оддаде на живот подвижнички.
И покрај нејзината слабост, таа на ѓаволот му се спротивстави храбро.
Затоа, носејќи ја наградата за победата, се моли за душите наши.

На преподобната

глас втори
Душевните замки и телесните страсти
со мечот на воздржанието си ги посекла;
грешните помисли си ги задушила со молкот на
аскетскиот живот, а со твоите солзи пустината си ја
напоила и си ни израснала плодови на покајанието.
Затоа твојот спомен го празнуваме.

Кондак

глас трети
Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега
со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот
живот подражавајќи го, со оружјето на крстот
демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста
на Царството, Марие преславна.

Надворешни врски