Монотелитизам

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 20:24, 20 декември 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Монотелитската ерес''' (на грч. „една волја“ ) била создадена од императорот Ираклиј (611-641) и цариградс...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Монотелитската ерес (на грч. „една волја“ ) била создадена од императорот Ираклиј (611-641) и цариградскиот патријарх Сергиј (610-638), со јавно противење на римскиот папа свети Мартин и ерусалимскиот папа свети Софрониј.

Моноталитизмот е христолошка ерес, настанато во 7 век, како резултат на настојувањето на царската влас за воспоставување на верско единство. Иако монофизитството е осудено на Четвртиот вселенски собор, во Црквата не бил мал бројот на оние кои не биле потполно подготвени да го прифатат халкидонскиот орос за двете Христови природи, човечка и Божја. Поради можноста од раздор, патријархот Сергиј I најстојувал да најде компромисно решение. Како резултат на тоа, тој сметал дека можно е да се рече дека во Христа постојат две природи, како што е учењето на Четвртиот собор, но само една волја.

На ова се спротивставил свети Максим Исповедник, кој тврдел дека природата мора да има и сопствена природна волја, и дека прифаќањето на само една волја во Христа, нужно води кон заклучокот дека Христос имал и само една природа. Свети Максим бил поддржан светиот Мартин папа Римски, кој поради тоа е протеран од неговата катедра на прогонство.

После упокојувањето на св. Максим Исповедник, Црквата го профаќа неговото свето, диотелитско учење за двете волји на Христос, неговото име го рехабилитира и го потврдува на Шестиот вселенски собор.