Монах

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 17:40, 22 декември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Монахот''' е соучесник на есхатонот, и благовесник на Бохочовекот Христос. Монахот Евангелието го...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Монахот е соучесник на есхатонот, и благовесник на Бохочовекот Христос. Монахот Евангелието го препева во својот живот, а личноста Христова си ја претпоставува за свој базичен и уникален критериум на сите вредности. За монахот, Бог е вечно жив и човекољубив Бог, а Евангелието ги надминува рамките на рационалната гноса без да ја одрече.

Добродетелта за монахот е божествена сила што се стекнува во мистриолошкиот чин на преобразување на умот (метаноја). За монахот, страстите се гревовно тело. Телото на страстите треба да се вмртви на реален духовен начин, и само на тој начин човечкото тело се пресоградува во храм на Светиот Дух. Демонската сила за монахот е реално битие кое по силата на похотата го гнили прволикот во ликот човечки. Монахот се облекува во негнилежен хитон исткаен од неброени добродетели. Целта на подвигот на монахот е блаженството, а не просто среќата на десакрализираниот човек. Монахот е блажен маж целосно реализиран од Сечовекот на новозаветниот Ден Осми.