Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Минеј

Минеј (букв. „месечник“) е богослужбена книга во која се содржат текстовите на молитвословија од празниците на неподвижниот годишен богослужбен круг. Постои месечен, празничен и општ минеј.

Месечниот минеј ги содржи службите од светителите/празниците во еден од дванаесетте месеци.

Општиот минеј ги содржи службите посветени на определен тип на светител (на пр. на маченик, на преподобен, на апостол...) и определува кога се совршува богослужбата во спомен на светиот за кого не е напишана одделна служба.

Празничниот минеј ги содржи службите на големите Господови празници, и на уште неколку други.