Минеј

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 16:18, 5 мај 2014; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Создадена страница со: '''Минеј''' (букв. „месечник“) е богослужбена книга во која се содржат текстовите на м...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Минеј (букв. „месечник“) е богослужбена книга во која се содржат текстовите на молитвословија од празниците на неподвижниот годишен богослужбен круг. Постои месечен, празничен и општ минеј.

Месечниот минеј ги содржи службите од светителите/празниците во еден од дванаесетте месеци.

Општиот минеј ги содржи службите посветени на определен тип на светител (на пр. на маченик, на преподобен, на апостол...) и определува кога се совршува богослужбата во спомен на светиот за кого не е напишана одделна служба.

Празничниот минеј ги содржи службите на големите Господови празници, и на уште неколку други.