Милански едикт

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 20:28, 11 декември 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Надворешни извори)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Миланскиот едикт претставува указ пропишан од страна на римските императори Лициниј и светиот цар Константин I Велики, со кој била прогласена верска рамноправност во империјата и било ставено крај на прогоните на христијаните кои траеле околу три века. Указот бил издаден во Медиолан (денешно Милано).

Историја

По абдикцијата на Диоклецијан и Максимијан во [305] година, за нови владетели биле прогласени Галериј и Констанциј I Хлор. Галериј за цезар на источните провинции на империјата го назначил Максимијан Даја, а за цезар на Италија и африканските провинции го назначил Флавиј Валериј Север. За само неколку години, во Римската империја се појавиле голем број на цезари и августи. За прв пат, во 311 година Галериј издал едикт за прекратување на прогоните на христијаните, но по само неколку денови тој починал. На негово место застанал Линциниј и Константин како еден од најнајголемиот подржувач на христијанството. Од друга страна пак застанале Максимин деја и Максенциј кои за краток период биле убиени. Така, во 313 година Лициниј и Константин I Велики се сретнале во градот Медиолан (денешно Милано) каде бил издаден овој едикт.

Надворешни извори