Манастир

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 12:56, 2 април 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Организација)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Манастир (грч. μοναστήριον, μονή), е монашка населба, комплекс на градби која е устроен во склад со строго определен начин на живот и монашни потреби. Манастирот е уточиште на овоземниот свет во кој монасите се посветуваат на молитва и подвиг во потрага за сопственото спасение и спасението на оние за кои се молат. Севкупниот простор на манастирот претставува светилиште, чие символично средиште е главната црква - католикон.

Организација

Во манастирите, животот може да биде организиран како киновија (κοινόβιον) - општежителство, заедништво на сите жители, идиоритмија (ίδιορυθμία), каде монасите имаат своја сопственост и се грижат сами за себе, и лавра (λαύρα) во која одделни одредби на овие заедници биле обединети. Бидејќи во првите векови не постоеле монашки заедници, усвоениот модел во Византија најчесто вил киновиски, дополнително определен и дефиниран со манастирски устав - типик, за секоја заедница одделно. Почитувајќи ги општите Црковни одредби, типикот го издавал ктиторот, односно основачот на манастирот, давајќи му административна организација, однесување на монасите и други правила. Во определени манастири, како посебна целина, постоел и литургиски типик, со кој бил уреден редоследот на дневните богослужби. Секој манастир има старешина - игуман, а некои од монасите во манастирот кои се со посебни титули (иконом, еклисијарх и сл.) имаат дополнителни обврски да се грижат за црквата, трпезаријата, ризницата, архивата, библиотеката и другите потреби и содржини на манастирот.