Мал Вход

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 19:02, 16 февруари 2010; направена од Acegakon (разговор | придонеси) (New page: Малиот вход е стандарден дел од светата литургија, кој што подразбира влегување на свештенослужителит...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Малиот вход е стандарден дел од светата литургија, кој што подразбира влегување на свештенослужителите во олтарот,коишто при влегувањето го носат евангелието Збород вход значи влегување. Малиот вход во раната Црква всушност бил почеток на литургијата, во тој момент епископот влегувал во олтарот, со што се означувал почетокот на литургијата. Антифоните се пееле во текот на процесијата, додека епископот од својот дом доаѓал во храмот и со неа раководеле презвитерите. Во денешно време антифоните се составен дел од литургијата и тие му претходат на малиот вход,а, малиот вход се изведува на тој начин што свештенослужителите со евангелието во раце излегуваат од олтарот низ вратата, преку која се влегува во проскомидијалникот, поминуваат низ храмот, застануваат пред дверите, ако служи ѓакон, тогаш ѓаконот ако не свештеникот возгласува: "премудрос простум да стоиме", по што влегуваат во олтарот.Од древниот вход и денес имаме остаток, кога служи епископ, тој не учествува во литургијата за време на антифоните туку стои на епископскиот трон, за првпат во олтарот влегува по малиот вход. Малиот вход го означува движењето, на Целата Црква кон Царството Божјо чиј предвкус го доживуваме на светата литургија. Тоа е искачување влез во свјатаја свјатих за таму да бидеме осветени преку принесувањето на бескрвната жртва. Навистина во олтарот влегуваат само свештенослужителите но во името на целиот народ. На еден таинствен мистичен начин всушност и целиот народ се издигнува и влегува во олтарот за да биде обожен. Според некои теолози входот има и символично значење, го символизира излегувањето на Христа меѓу народот и неговата проповед. Малиот вход е еден од главните делови на литургијата, малиот вход е застапен во сите литургиски текстови.