Кинонија

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 22:26, 6 мај 2009; направена од Milos (разговор | придонеси) (New page: '''Кинонија''' (гр. κοινονια, лат. comunicatio, причестување, заедница) – има повеќе смисоли: #Учествување на он...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Кинонија (гр. κοινονια, лат. comunicatio, причестување, заедница) – има повеќе смисоли:

  1. Учествување на оние кои се вотеловлени во нов народ Божји во самата божја стварност, низ Воплотуањето и жртвата на Исуса Христа: „што сме виделе и чуле, вам ви го објавуваме, за да и вие со нас имаете заедница(κοινονια), на нашата заедница(κοινονια)е со Оца и со Синот негов Исус Христос“(1. Јн. 1,3).
  2. Заедницата на Духот Свет (2. Кор. 13,13), или личното и заедничкото искуство на Духот Христов, кое се пројавува во христијанското чувствуваење на човекољубието, солидарноста, взаемното помагање и давање (Дела 2,42,44).
  3. Причествањето со Светите Тајни во состав на Евхаристијата (1. Кор. 10,17; Дела 2,42), знака на припадност и исповедање на иста вера(Еф. 4,5).
  4. Собирањето(συναξις), литургиската заедница, соборот, кој е услов да се учествува во кинонијата.
  5. „Заедница на светите“, што го напомнува апостолскиот Символ на верата, е единство на Црквата на оние кои водат борба против злото во ова време и овој век, со Црквата на оние кои веќе конечно стекнале благодатна состојба и непосредна заедница со Бога.
  6. Евхаристиското причестување (взаемното причестување) со верните од другите конфесии. Следејќи го древното начело по кое, исповедањето на иста вера претходи и условува на светотаинско причестување (Теодорит, Црквена историја, IV, 16; стр. 119), Православието бара потполно догматско единство пред(претодувајќи на) евхаристиската интеркомунија.