Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Икона Достојно ест

Богородица Достојно ест

Иконата Достојно ест е една од чудотворните икони на Пресвета Богородица. Според Преданието, токму пред таа икона светиот архангел Гавриил му го открил истоимениот славопој на монахот - испосник за време на заедничката Утрена. Имено, монахот примил некој странец во својата келија, и заедно со него започнале да служат Утрена. При крајот на деветтата песна на Канонот на Богородица, монахот започнал да ја пее „Го велича мојата душа Господа“ заедно со ирмосот „Почесна од Херувимите“. Потоа гостинот го започнал стихот „оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја“, по што испеал нешто што монахот никогаш претходно го немал чуено.

Тој поитал да земе камена плоча за да го запише текстот, по што гостинот со прст, како по восок го изрезбал текстот на камената плоча, по што го снемало.

Плочата на која била испишана „Достојно ест“ при крајот на 10 век била пренесена во Цариград. Од тој момент оваа икона се смета за една од најголемите светињи и заштитничка на Света Гора.

Интегралниот текст на теотокионот, откриен од светиот архангел Гавриил, и запишан на камена плоча со прст гласи:

Достојно е навистина
блажена да те нарекуваме, Богородице,
секогашблажена и пренепорочна,
и мајка на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога - Логосот девствено што Го роди -
тебе - вистинската Богородица
ние те величаме.

Видете исто така

Надворешни врски