Разлика помеѓу преработките на „Ерархија“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с (Иерархија на хиротонија)
Ред 13: Ред 13:
  
 
Иерархијата на хиротонија (хиротонија е тајна во која со молитва и полагање на раце на еден или повеќе [[епископ]]и се посветуваат свештенослужителите и се поставаат во определени парохии или Епархии) произведува три степени на хиротонисани свештенства: ѓаконски, презвитерски и епископски.
 
Иерархијата на хиротонија (хиротонија е тајна во која со молитва и полагање на раце на еден или повеќе [[епископ]]и се посветуваат свештенослужителите и се поставаат во определени парохии или Епархии) произведува три степени на хиротонисани свештенства: ѓаконски, презвитерски и епископски.
 +
 +
Ѓаконскиот чин (во свештенство - [[ѓакон]], во монаштво - иероѓакон) се спомнува во Дела апостолски (Дап 6,1-6), каде евангелистот Лука поопширно го опишува изборот и хиротонијата на првите седум ѓакони. Нивната должност е да помагаат на епископите и презвитерите при вршењето на богослужбите и во проповедањето на добрата вест. Тие имаат и важна улога во катихезацијата на огласениет, иако немаат пастирска одговорност.
 +
 +
[[Презвитер]]скиот чин (во свештенство - иереј, во монаштво - иеромонах) исто така постои од апостолско време, иако поимот имал повеќе значења. Презвитерите се определени за пастирска улога (1 Пет 5,1-2), да проповедаат и поучуваат (а Тим 5,17) и раководат со заедницата во духовниот живот. Тие се подредени под Епископот по служба и власт.
 +
 +
Епископскиот чин ([[Епископ]] - се бира исклучително од монашките редови од 6 век) е највисок чин во [[Православна Црква|Православната Црква]] е избран да ја врши улогата на првосвештеник на евхаристиското собрание, да ги координира сите служби и харизми во помесната црква и да сведоќи за континуитетот на Црквата со апостолите, имајќи предвид дека Епископот е непосреден наследник на апостолите.
  
 
==Неколку блиски термини==
 
==Неколку блиски термини==

Преработка од 19:03, 5 април 2009

Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Иерархија (грч. ιερά и αρχή - свето управување или власт), е способност за исполнување, покажување на благодатта потврдена преку хиротонија (грч. χειροτονία - полагање на рацете, ракоположување); видлив орган на Црквата, продолжувач на Христовата искупителска и спасителна дејност која има власт да раководи со Црквата, како божествена институција. Темелот на новозаветната иерархија го поставил Самиот Господ Исус Христос, при повикувањето на дванаесетте апостоли и нивното посветување во тајните на Неговото учење. Нивното посветување се случило преку слегувањето на Светиот Дух врз нив на денот на Педесетница во облик на пламени јазици, од кои „се симна по еден на секој од нив (Дап 2,3). Во ликот на апостолите Христос ја востановил ерархијата и на неа ги доверил сите благодетни средства. Противењето на поредокот, односно на иерархијата, е противење на Христовата волја.

Црковна ерархија

Суштински, иерархијата е власт на вршење на Светите Тајни, кој се заснова на светотаинскиот харизматизам. Таа власт и служење се однесува на свештенодејство, пастирство и учителство. Според потеклото и облиците на свештенството, иерархијата во Црквата се дели на:

  • иерархија на хиротонија (ракополање)
  • иерархија на јурисдикција (управа)
  • иерархија на хиротесија (ракопроизведување)

Иерархија на хиротонија

Иерархијата на хиротонија (хиротонија е тајна во која со молитва и полагање на раце на еден или повеќе епископи се посветуваат свештенослужителите и се поставаат во определени парохии или Епархии) произведува три степени на хиротонисани свештенства: ѓаконски, презвитерски и епископски.

Ѓаконскиот чин (во свештенство - ѓакон, во монаштво - иероѓакон) се спомнува во Дела апостолски (Дап 6,1-6), каде евангелистот Лука поопширно го опишува изборот и хиротонијата на првите седум ѓакони. Нивната должност е да помагаат на епископите и презвитерите при вршењето на богослужбите и во проповедањето на добрата вест. Тие имаат и важна улога во катихезацијата на огласениет, иако немаат пастирска одговорност.

Презвитерскиот чин (во свештенство - иереј, во монаштво - иеромонах) исто така постои од апостолско време, иако поимот имал повеќе значења. Презвитерите се определени за пастирска улога (1 Пет 5,1-2), да проповедаат и поучуваат (а Тим 5,17) и раководат со заедницата во духовниот живот. Тие се подредени под Епископот по служба и власт.

Епископскиот чин (Епископ - се бира исклучително од монашките редови од 6 век) е највисок чин во Православната Црква е избран да ја врши улогата на првосвештеник на евхаристиското собрание, да ги координира сите служби и харизми во помесната црква и да сведоќи за континуитетот на Црквата со апостолите, имајќи предвид дека Епископот е непосреден наследник на апостолите.

Неколку блиски термини

  • иерарх (грч. ιεράρχης) - архиереи (грч: ό άρχιερεύς): Епископ, Митрополит, Архиепископ и Патријарх - највисок чин на тричлената Црковна иерархија
  • иереј (грч. ιερεύς): свештеник кој свештенослужи откако бил раколоположен од архиереи: извршува Свети Тајни, го проповеда Евангелието, принесува дарови
  • иероѓакон (грч. ιεροδιάκονος), ѓакон со монашки завет, односно монах-ѓакон
  • иеромонах (грч. ιερομόναχος), монах со свештенички чин, односно монах-свештеник
  • иеросхимонах (грч. ίεροσχημοναχός), свештеник од монашките редов - иеромонах кој примил голема схима
  • митрополит (грч: Μητροπολίτης), црковен великодостојник со епископски чин; како архиереј има поголема чест од епископот