Промени

Прејди на: содржини, барај

Ерархија

Додадени 4.085 бајти, 19:29, 5 април 2009
с
Црковна ерархија
Со Христовата Црква на земјата е управувана од Црковната иерархија. Но, највисока власт во Црквата имаат Вселенските собори, чии одлуки се обврзителни за сите православни Христијани, за сите времиња. Единствената Глава на Црквата, и на небото, и на земјата, е Богочовекот [[Господ Исус Христос]].
 
===Иерархија на хиротесија===
 
Посветувањето во пониски црковни степени се нарекува хиротесија (χειροθεσια) - положување на раце. Хиротесијата не се врши во олтарот, туку на средината на храмот. Може да биде извршена дури и надвор од [[Света Литургија|Литургијата]]. Никој не може да биде посветен во повисоките степени на црковен клир, ако претходно не ги поминал пониските.
 
Чтец е најнискиот степен ви клирот. Хиротесија на чтец се состои од положување на рацете на архиерејот на главата на оној кој се осветува со читање на [[молитва]], со паралелно постризување на коса. После облекувањето на краток фелон, архиерејот го благословува и ја чита втората молитва. Првата молитва е за посветување во свеќоносци, а втората за посветување во чтеци. После тоа, осветениот чита дел од [[Апостол]]от, а потоа го соблекува [[фелон]]от и облекува [[стихар]]. Се нарекуваат и црковници, а понекогаш и пирамонари, пономари (грч. παραμονή - оној кој служи во олтарот). Имаат обврска да спремаат [[просфора]], вино, вода, темјан и жар во [[олтар]]от, да ги палат и гасат свеќите во храмот, да ја припремаат и подаваат кадилницата на иерејот, да го припремаат олтарот и да го одржуваат чист. Во [[Типик]]от се нарекуваат и параеклисијарси (палители на кандила).
 
Ипоѓакон е следниот степен на пониската иерархија. Посветувањето се врши така што архиерејот го благословува орарот (стихарен појас), а оној кој бива посветен во целива појасот и раката на архиерејот, по што го облекува. Бидејќи неговата служба е служба на ангел, орарот се постава крстолико, што ги символизира крилата со кои се покриваат [[херувими]]те. Потоа архиерејот го благословува со рака по глава, ја положува раката на неговата глава и чита [[молитва]]. После тоа, на новопосветениот му се дава лавор и пешкир, а тој става вода и му дава на архиерејот да ги измие рацете; ја целива раката на архиерејот, и го водат на певницата, каде чека до Херувимската песна, читајќи молитви. Додека се пее [[Херувимска песна|Херувимската песна]] доаѓа до [[Царски двери|Царските двери]], каде архиерејот повторно ги мие рацете, после што влегува во олтар. Неговите обврски вбројуваат чистење на [[Престол]]от и [[Жртвеник]]от. Ипоѓаконите најчесто служат покрај архиереите, ги облекуваат, и му ги додаваат трикириите и дикириите.
==Неколку блиски термини==
3.103
уредувања

Прегледник