Разлика помеѓу преработките на „Голем Вход“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Создадена страница со: '''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија...)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 21:12, 24 јуни 2014

Голем Вход (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија - Литургијата на верните, и започнува за време на пеењето на Херувимската песна. На Големиот Вход, Светите Дарови се пренесуваат од жртвеникот на Чесната трпеза. Тој започнува кај жртвеникот, минува низ северните двери на иконостасот, и се завршува со враќање во олтарот, преку Царските двери, до Чесната трпеза.

Совршување на Големиот Вход

Додека се псалмопее Херувимската песна, свештеникот се моли со молитвата на херувимската песна, а ѓаконот ја кади најпрво Трпезата од четирите страни, олтарот и свештенојереите, а потоа, излегувајќи пред дверите, ги кади иконите и народот, молејќи се со зборовите на педесеттиот псалм. По молитвите и кадењето, свештеникот и ѓаконот ја кажуваат Херувимската песна пред Чесниот престол трипати, со кренати раце и творејќи мали поклони. Потоа го целиваат распетието, антиминсот и Престолот. Се поклонуваат кон запад, на народот, барајќи простување, одат до жртвеникот и свештеникот ги кади Светите Дарови. Потоа свештеникот го става дискосот на главата на ѓаконот, а во свои раце го зема путирот. По завршувањето на Херувимската песна, излегуваат преку северните двери да го совршат входот.

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата