https://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC_%D0%92%D1%85%D0%BE%D0%B4&feed=atom&action=historyГолем Вход - Историја на измените2024-03-29T15:54:03ZИсторија на измените на оваа страница на викитоMediaWiki 1.30.0https://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%93%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC_%D0%92%D1%85%D0%BE%D0%B4&diff=3582&oldid=prevIacovibus: Создадена страница со: '''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија...2014-06-24T21:12:51Z
Создадена страница со: '''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија...

Нова страница

'''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија - Литургијата на верните, и започнува за време на пеењето на Херувимската песна. На Големиот Вход, Светите Дарови се пренесуваат од жртвеникот на Чесната трпеза. Тој започнува кај жртвеникот, минува низ северните двери на иконостасот, и се завршува со враќање во олтарот, преку Царските двери, до Чесната трпеза.

==Совршување на Големиот Вход==

Додека се псалмопее Херувимската песна, свештеникот се моли со молитвата на херувимската песна, а ѓаконот ја кади најпрво Трпезата од четирите страни, олтарот и свештенојереите, а потоа, излегувајќи пред дверите, ги кади иконите и народот, молејќи се со зборовите на педесеттиот псалм. По молитвите и кадењето, свештеникот и ѓаконот ја кажуваат Херувимската песна пред Чесниот престол трипати, со кренати раце и творејќи мали поклони. Потоа го целиваат распетието, антиминсот и Престолот. Се поклонуваат кон запад, на народот, барајќи простување, одат до жртвеникот и свештеникот ги кади Светите Дарови. Потоа свештеникот го става дискосот на главата на ѓаконот, а во свои раце го зема путирот. По завршувањето на Херувимската песна, излегуваат преку северните двери да го совршат входот.

{{Литургија/широк}}

[[Категорија:Литургика]]
Iacovibus