Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Голема ектенија

Преработка од 14:16, 12 февруари 2014; направена од Iacovibus (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата, но и на вечерната, утрената и другите богослужби. Затоа што поголемиот дел на прозби во неа започнуваат со зборовите „Во мир на Господа да се помолиме“, се нарекува и мирна ектенија, ириника (грч: τα ειρηνικά). Големата ектенија има дванаесет прозби, и завршува со возглас. Во неа се наоѓаат прозби за Црквата и нејзината јерархија, за граѓанската власт, градот или селото во кое се богослужи, за оние кои патуваат, боледуваат, работаат, и за сите потреби на христијаните. На крајот следи молитвено обраќање кон Пресвета Богородица со седум високи епитети (пресвета, пречиста, преблагословен, славна, владичица, Богородица и секогашдева Марија).

Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот Господ Исус Христос (дело кое потекнува од 3 век) и Апостолските установи (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен ѓакон, тој ја изговара големата ектенија, и тоа од амвонот, а возгласот, чија тема е славата Божја, ја изговара свештеникот.

Оваа статија е дел од серијата
Света Литургија
Проскомидија Проскомидија | Литургиски садови | Одежди
Литургија на огласените Голема ектенија | Антифони | Мала ектенија | Мал Вход | Тропар | Трисвето | Апостол | Евангелие | Беседа | Сугуба ектенија | Заупокоена ектенија | Ектенија за огласените
Литургија на верните Херувимска Песна | Голем Вход | Прозбена ектенија | Целив на мирот | Символ на верата | Анафора | Епиклеза | Прозбена ектенија | Оче наш | Причестување | Заамвонска молитва | Отпуст | Антидор
Уреди ја кутијата