Вселенски собори

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата

Вселенски собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православната Црква (Патријарси, Архиепископи, или Митрополити), од целиот свет на кој се разгледувале прашања поврзани со верата и поредокот во Црквата.

Православната Црква голем дел од светото Предание црпи токму од Вселенски собори, кој после одржувањето оставале акти, односно донесувале канони , ги утврдувале догмите, а сето тоа било објавувано во зборници наречени номоканони. Црквата верува дека првоерарсите на вселенските Собори во своето одлучување биле раководени од Светиот Дух, и затоа нивните одлуки се обврзувачки за сите помесни православни Цркви, во учењето за верата и управувањето и поредокот на Црквата.

Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на соборност, и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Римо-Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.

Листа на одржаните Вселенски Собори

  • Прв вселенски собор, попознат како Никејски собор во Мала Азија (мај-јуни 325)
  • Втор вселенски собор, попознат како Цариградски собор (мај-јули 381)
  • Трет вселенски собор, познат како Ефески собор (јуни-јули 431)
  • Четврти вселенски собор, попознат како Халкидонски собор (8 октомври-1 ноември 451)
  • Петти вселенски собор, или Втор цариградски собор (мај-јуни 553)
  • Шести вселенски собор, или Трет цариградски собор (ноември 680-септември 681)
  • Седми вселенски собор, или Втор никејски собор (септември-октомври 787)