Временска линија на црковната историја

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 14:02, 23 мај 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Новозаветна ера)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за Господ Исус Христос на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично Свето Предание на Православната Црква.

Новозаветна ера

главна статија: Новозаветна ера

Апостолска ера (33-100)

  • цца. 30-33 Светиот Дух слегува на денот на Педесетница
  • 34 Апостол Петар го засновува Антиохиското Епископско Море
  • 35 Името Христијанин е за прв пат употребено во Антиохија
  • 37 Јосиф од Ариматеа патува во Британија и стигнува во Гластонбери
  • 40 Апостол Варнава е испратен од Ерусалим во Антиохија
  • цца. 42 Вознесување на апостол Павле до третото небо (2Кор.12,2-4)
  • цца. 46-48 Прво мисионерско патување на апостол Павле со апостол Варнава
  • 49 Апостолскиот Собор во Ерусалим донесува правило незнабожците да не мора да станат Евреи пред да постанат Христијани
  • цца. 49-52 Второ мисионерско патување на апостол Павле со апостол Сила
  • 50 Апостол Матеј го завршува Евангелието според Матеј на арамејски
  • 52 Апостол Тома пристига во Керала, воведување на Христијанството во Индија
  • цца. 53-57 Трето мисионерско патување на апостол Павле (Дап 18,23-21,16)
  • цца. 59-62 Четврто мисионерско патување на апостол Павле, пристигање во Рим
  • 62 Мачеништво на апостол Јаков Праведен; распнување на апостол Андреј во Патра
  • 63 Аристовул поставен за прв епископ на Британија
  • 64-68 Први десет големи прогонства на раната Црква, под императорот Нерон
  • 66 Бегство на Христијанската заедница од Ерусалим во Пела и други места во Декаполис и Антиохија
  • 67 Мачеништво на апостол Петар и Павле во Рим; апостол Лин поставен за прв епископ Римски
  • 69 Игнатиј Антиохиски поставен за епископ Антиохиски
  • 70 Апостол Марко го пишува Евангелието; Храмот во Ерусалим е разурнат од Римјаните; прогон на Христијаните од синагогите
  • 71 Апостол Марко го воведува Христијанството во Египет
  • 80 Апостол Лука го пишува Евангелието според Лука; Тит го поставува Колосеумот, место на мачеништво на многу рани Христијани
  • цца. 80-90 Напишани Дидаскалиите
  • 85 Напишани Делата апостолски од апостол Лука
  • 90 Соборот во Јамнија го обележува целосно одделување на старозаветната и новозаветната Црква
  • 95 Апостол Јован го пишува Откровението
  • цца. 90-96 Прогон на Христијаните под императорот Домицијан
  • 96 Апостол Јован Богослов го пишува Евангелието според Јована
  • цца. 100 Појава на Христијански катакомби
  • Чудесно упокојување на апостол Јован Богослов

Предникејска ера (100-325)

  • 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
  • 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
  • 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
  • 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред императорот Адријан во Атина
  • 128 Грчки превод на Стариот Завет на Аквила
  • 130 Преобратување на Јустин Философ
  • 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
  • 135 Почеток на славење на Рождество Христово како празник во Рим
  • 136 Разбиена еврејската побуна од страна на императорот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
  • 144 Одлачување на Маркион Синопски
  • 150 Јустин Философ ја опишува Божествената Литургија
  • 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
  • 156 Почеток на монтанизмот
  • 165 Мачеништво на Јустин Философ
  • 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на Пасха во Рим, како додаток на неделната прослава на Воскресението
  • цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
  • 177-180 Прогон под императорот Марко Аврелиј (161-180)
  • 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
  • 180-192 Грчки превод на Стариот Завет од Теодотиј
  • 193-211 Грчки превод на Стариот Завет од Симах
  • 197 Кватродециманска контроверза
  • 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
  • 202 Императорот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
  • 202-210 Прогон под императорот Септимиј Север (193-211)
  • 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
  • цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
  • 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
  • 215 Обратување на Тертулијан во Монтаизам
  • 225 Упокојување на Тертулијан
  • цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
  • 227 Ориген го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
  • 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
  • 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
  • цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
  • 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
  • 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
  • 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
  • 248 Ориген го пишува „Против Целз“
  • 249-251 Прогон под императорот Декиј VII
  • 257-260 Прогон под императорот Валеријан VIII
  • 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
  • 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
  • 264 Изопштување на Павле Самосати
  • 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за прв пат од модалните монархијанити
  • 274-275 Прогонство под императорот Аврелијан IX
  • 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
  • 284 Диоклецијан станува Римски император, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
  • 285 Антониј Велики се повлекува во пустина
  • 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
  • 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
  • 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
  • 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на Георгиј Победоносец
  • цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
  • цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
  • 308 Папата Марцелиј I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
  • 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
  • 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
  • 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
  • 313 Миланскиот Едит издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
  • 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
  • 315 Неокесариски Собор
  • 318 „За воплотувањето“ на свети Атанасиј Велики е објавено; почеток на Аријанството
  • 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
  • 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
  • 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
  • 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на Воскресението
  • 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
  • 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство

Никејска ера (325-451)

Византиска ера (451-843)

Доцна Византиска ера (843-1453)

Постцарска ера (1453-1821)

Модерна ера (1821-1917)

Комунистичка ера (1917-1991)

Посткомунистичка ера (1991 - денес)

Забелешки

Видете исто така