Разлика помеѓу преработките на „Воздвижение на Чесниот Крст“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Креирање на статијата)
 
с (Тропар)
Ред 14: Ред 14:
 
: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе  
 
: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе  
 
: и благослови го Твоето наследство.  
 
: и благослови го Твоето наследство.  
: Дарувај им победа над непријателите на сите наши
+
: Дарувај им победа над непријателите  
: православни христијани и со Крстот Свој  
+
: на сите наши православни христијани
: заштити го Твоето наследство
+
: и со Крстот Свој заштити го Твоето жителство.
  
 
== Егзапостилар==
 
== Егзапостилар==

Преработка од 13:11, 26 септември 2007

На Крстовден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намислила да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаел за местото каде што се наоѓал Крстот, па принуден од царицата изјавил дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигнал царот Адријан.

Царицата наредила и го разурнале оној идолски храм, па копајќи во длабочина нашле три крста. Додека царицата била во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминувала поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рекол да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставиле врз него третиот крст, покојникот оживеал. По тоа познале дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го кренале крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пеел: „Господи помилуј!“

Царицата Елена направила ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазел Ерусалим, многумина ги одвел во ропство, а Крстот Господов го однел во Персија. Во Персија Крстот лежел четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победил Хозрој и со слава го повратил Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носешел Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застанал и не можел да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј видел ангел којшто му попречувал на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одел бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објавил на царот. Тогаш царот се соблекол, па босоног и во бедна облека го зел Крстот, го изнел на Голгота и го положил во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Самото име на празникот, „Воздвижение“ значи Издигнување на Крстот над целата Вселена како знак на победа на христијанството над светот. Според правилата на Православната Црква, овој ден е строг пост.

Тропар

(глас први)
Спаси ги, Господи, Твоите луѓе
и благослови го Твоето наследство.
Дарувај им победа над непријателите
на сите наши православни христијани
и со Крстот Свој заштити го Твоето жителство.

Егзапостилар

(песна со која се слави Чесниот Крст)

Крстот е чувар на сета Вселена.
Крстот е украс на Црквата,
Крстот е сила на царевите,
Крстот е зацврстување на верните,
Крстот е слава на ангелите,
Крстот е рана за демоните.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.