Водич за корисници
Секој човек, без разлика дали е Православен или не, е добредојден на Православната енциклопедија. Имаме неколку основни упатства со цел да ви овозможиме олесната работа на овие страници, како и со цел да ги упростиме работите поврзани со корисници.
Корисничко име
Ве молиме, бидете свесни за заедницата при изборот на корисничкото име. За корисничките имиња од навредлива природа, особено доколку не се поврзани со точна електронска адреса или историја едноставно можат и ќе бидат сменети. Доколку ова ви се случи и вам, а вие сте тука со конструктивна цел, ве молиме отворете нова сметка.
Корисничка страница
Корисничките страници нудат можност за изјаснување и претставување на себеси. OrthodoxWiki овозможува голема доза на слобода од аспект на содржина која може да биде поставена на корисничките страници.
Се разбира, секој вид на порнографија, богохулење или измама, и било секој друг материјал кој е противзаконски ќе биде цензуриран и отстранет.
Без двојни сметки
Освен доколку станува збор за исклучоци и исклучителни случаи пропратени со дозвола од отец Џон (Јован), секој корисник смее да има само една сметка. Доколку сте отвориле повеќе од една, не станува збор за некоја голема разбота која сте ја направиле. Нарпотив, известете не’ и ставете ни до знаење која сметка сакате да продолжите да ја користите, а другите ќе бидат отстранети.