Воведение во Храмот на Пресвета Богородица

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
The Entrance of the Theotokos into the Temple

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста Богородица. Се празнува на 21 ноември, односно 4 декември по нов стил.

Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот - Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.

Значењето на овој празник е многусложно, но сепак - Црквата го гледа овој празник како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата. На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата - Бог и човекот.

Празнување на празникот

На Вечерната богослужба се читаат поглавја од Стариот Завет кои се толкуваат како символи на Божјата Мајка, која постанува жив храм на Живиот Бог, и во секое од нив се говори за светоста на скинијата на Стариот Завет - „и се исполни скинијата со славата Господова“. (Исход 40,1:5, 9:10, 16, 34:35; Трета книга Царства 7,51, 8,1,3,4,6,7, 9:11; и Книга пророк Језекиил 43,27:44)

На Утрената се чита првата глава од Евангелието според светиот апостол Лука, 1,39-49, 56. Овој дел се чита на сите празници посветени на Пресвета Богородица, и го опишуваат благовестието кое го соопштува светиот Ахрангел Гавриил на Марија, и ја опишуваат Мариината благодарност: „Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој.“

На Светата Литургија, пак, Апостолот се чита од Посланието на светиот апостол Павле до Евреите 9,1:7, каде се говори за скинијата и жртвата на Стариот Завет; Евангелието се чита од Лука, 10,38:42 и 11,27:28 заедно.

Икона на празникот

Химнографија

Tропар

глас четврти
Денес нa Божјото благоволение е предобразување/
и на спасението на луѓето - проповедање:/
во Божјиот храм јасно Дева се јавува/
и Христа на сите го предвестува./
Кон неа и ние велегласно да извикаме:/
Радувај се, на промислата на Творецот - исполнување.

Кондак

глас четврти
Пречистиот храм на Спасот,/ многувредниот дворец и Дева,/
свештената ризница на Божјата слава,/
денес се воведува во Господовиот дом, благодатта сововедувајќи ја,/
Онаа што во Божествениот Дух е,/ Неа Божјите ангели ја воспеваат ://
Таа е Небесно престојувалиште.

Задостојник

Ангелите, гледајќи го влегувањето на Пречистата, се восхитија,//
како Дева влезе во светињата на светите. Како до душевен Божји ковчег,/
никако да не се допре раката на скверните,/
а, устите на верните на Богородица непремолчно,/
гласот на Ангелот воспевајќи го, со радост да извикуваат://
навистина од сите највисока си, Дево Чиста.

Величание

Те величаме, Пресвета Дево, Богоизбрана родителке,
и го почитуваме Твоето влегување во Господовиот храм.