Велики Четврток

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 16:06, 22 април 2008; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: Во четвртокот пред Пасха, односно '''Велики Четврток''', Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим к...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќето куќи во еврејската земја во христово време изгледаа како коцка, врз која е сместена една помала коцка. Според оваа архитектура, најчесто во горниот дел се поставуваше гостинската соба. Во евдна таква соба, Христос, заедно со Своите ученици ја јадеше последната пасхална вечера за празникот Бесквасници. Пред самата вечерам Тој ја препаша ризата Своја и им ги изми нозете на Своите ученици, поучувајќи ги на тој начин на понизност и љубов, давајќи им нова заповед на љубовта: „Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе. Најголема љубов е кога некој го положи и својот живот за своите пријатели.

Тоа од Него избрано проштално јадење беше всушност, пасхалната вечера, која беше спомен на ослободувањето од Египет, обред пропратен со молитви, раскажување на настанот, славословење на Бога, псалмопеење - односно оброк на благодарење. Но самата старозаветна жртва ја нема моќта за очистување од прародителскиот грев, и таа беше само праслика, знаци и симболи кои укажуваат на грешност и копнежот за искупување, и навестување за тоа што треба да се случи во иднината, Великата Жртва на помирувањето - Господ Исус Христос.