Разлика помеѓу преработките на „Велики Понеделник“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
 
'''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во [[Ерусалим]], неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на Еврејскиот народ во кој плод нма, но и на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.  
 
На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозавете патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е продаден и предаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со леб небесен, со Телото Свое и Крвта Своја.  
+

== Химнографија ==
 +
'''Тропар''', глас 8:
 +
:Еве Младоженецот доаѓа на полноќ,
 +
:и блажен е слугата што ќе го најде буден:
 +
:недостоен пак, е оној што ќе го најде заспан.
 +
:Внимавај значи, душо моја, не отежнувај со сонот,
 +
:да не бидеш на смрт предадена и надвор од Цaрството да се затвориш,
 +
:туку сепни се викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже,
 +
:заради Богородица помилуј нè.
 +
'''Кондак''', глас 8:
 +
:Јаков ридаше заради лишувањето од Јосиф
 +
:и добриот седеше на кола, како цар почитуван:
 +
:затоа што пред сластите на египќанката тогаш не се пороби,
 +
:повторно беше прославен од Познавачот на човечките срца
 +
:и Давателот на негнилежен венец.
 +
'''Ексапостилар''':
 +
:Твојот дворец го гледам, Спасу мој,
 +
:украсена облека немам, за да влезам внатре.
 +
:Осветли ја облеката на мојата душа,
 +
:Просветителу, и спаси ме.
 +
 
== Нов Завет ==
 
== Нов Завет ==
 
* Утрена: Матеј 21:18-43
 
* Утрена: Матеј 21:18-43

Преработка од 10:33, 21 април 2008

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на Еврејскиот народ во кој плод нма, но и на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.

На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозавете патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е продаден и предаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со леб небесен, со Телото Свое и Крвта Своја.

Химнографија

Тропар, глас 8:

Еве Младоженецот доаѓа на полноќ,
и блажен е слугата што ќе го најде буден:
недостоен пак, е оној што ќе го најде заспан.
Внимавај значи, душо моја, не отежнувај со сонот,
да не бидеш на смрт предадена и надвор од Цaрството да се затвориш,
туку сепни се викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже,
заради Богородица помилуј нè.

Кондак, глас 8:

Јаков ридаше заради лишувањето од Јосиф
и добриот седеше на кола, како цар почитуван:
затоа што пред сластите на египќанката тогаш не се пороби,
повторно беше прославен од Познавачот на човечките срца
и Давателот на негнилежен венец.

Ексапостилар:

Твојот дворец го гледам, Спасу мој,
украсена облека немам, за да влезам внатре.
Осветли ја облеката на мојата душа,
Просветителу, и спаси ме.

Нов Завет

  • Утрена: Матеј 21:18-43
  • Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:3-35

Стар Завет

  • Шести Час: Езекиел 1:1-20
  • Вечерна: Исход 1:1-20; Јов 1:1-12