Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Петок

Додадени 170 бајти, 22:20, 12 април 2009
с
нема опис на уредувањето
[[Слика:Jesus_in_Golgotha_by_Theophanes_the_Cretan.jpg|250px|Христос на Голгота, [[Света Гора|Светогорска]] [[икона]] на Теофан Критски]]
 
'''Велики Петок''' (грч: Μεγάλη Παρασκευή) е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.
 
==Страданијата==
Најпрво, [[Господ Исус Христос|Христос]] беше одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашуваше и Го затвори. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници, садукеи и страрешини. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што канзата била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај [[Понтиј Пилат]]. Пред него Христос беше осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидуваше да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управуваше со таа покраина. Ирод Го исмејуваше Исуса и Го врати пак кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.
Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можеше да биде ослободен по волја на народот. И повторно, поткупената маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се обеси.
Исуса Го одведоа од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата беше извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнија уште два страшни псалми - псалмот 21 („''Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?''“) и псалмот 68 („''Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.''“). Тука се исолнуваат и најситни детали - војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите збориви зборoви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот: 
* Се моли за Своите мачители: ''Оче, прости им, зашто не знаат што прават.''
* Му ветува на разбојникот распнат со Него: ''Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.''
3.103
уредувања

Прегледник