Промени

Прејди на: содржини, барај

Велигден

Одземени 6 бајти, 23:31, 15 април 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
'''Велигден''', исто така познат како и односно '''Пасха''' (Πάσχα), е празник на '''[[Воскресение]]то на [[Господ Исус Христос]]'''. ''Пасха'' како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот ''pesach'', со значење ''Премин''. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, [[молитва]], [[пост]] и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.
== Славење на Велигден ==
Со Воскресението од гробот Хрисотс Хрисос ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]], во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукале и некои праведници дури во тој момент станале од нивните гробови.
Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие.
Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа.
[[Категорија:Празници]]
[[Категорија:Литургика]]
[[Категорија:Избрани статии]]
[[bg:Пасха]]
[[en:Pascha]]
[[sr:Васкрс]]
3.103
уредувања

Прегледник