Промени

Прејди на: содржини, барај

Велигден

Додадени 4.646 бајти, 17:19, 16 април 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
'''Велигден''', односно '''Пасха''' (Πάσχα), е празник на '''[[Воскресение]]то на [[Господ Исус Христос]]'''. ''Пасха'' како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот ''pesach'', со значење ''Премин''. Велигден е Пасха Господова и Ден на нашето спасение. Затоа Воскресението Христово е Празник над празниците, Торжество над торжествата и Слава на Бога Воскреснатиот. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполнето со покајание, прошка, измирување, [[молитва]], [[пост]] и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.
== Славење Смисолот на Велигден Воскресението == Без верување во Христовото воскресение не е можно да се верува во Христа како Спасител. Со еден збор: не е можно Христијанството; не е можно да се биде Христијанин. Затоа Апостолот Павле одлучно и јасно изјавува: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна њ и вашата вера”. Сè е изгубено, сè е пропаднато, ако Христос не воскресна - вели св. Златоуст, објаснувајќи ги овие апостолски зборови. Без Христовото воскресение - сè е привид: и Христос, и сите негови дела, и севкупното Негово учење. Затоа и самиот Спасител уште за врeме на своето живеење на земјата укажуваше на своето воскресение како на настан кој ќе ја објасни и неговата Личност и Неговото дело. Така по своето Преображение Спасителот на своите ученици им заповеда никому да не му кажуваат шта виделе додека Тој да стане од мртвите. Зашто, дури во светлината на Воскресението станува јасен и настанот на Преображението, и целиот живот на Богочовекот и севкупното Негово учење, затоа што дури со своето воскресение од мртвите Исус неспорно и сеубедливо посведочи дека Тој навистина е Бог и Син Божји.  Пред Своето воскресение Спасителот поучувал за вечниот живот, но со воскресението покажа дека Тој навистина е вечниот живот. Пред Своето воскресение Тој поучуваше за воскресението на мртвите, но со воскресението покажа дека Тој навистина е воскресението од мртви. Пред Своето воскресение Тој поучуваше дека верувањето во Него преведува од смрт во живот, но со своето воскресение покажа дека ја победи смртта и со тоа на осмртените луѓе им го осигура преминувањето од смртта во бесмртноста. Со еден збор: севкупното учење на Спасителот ја добива својата потврда и образложение во Неговото воскресение.
Со Воскресението од гробот Хрисос ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]], во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукале и некои праведници дури во тој момент станале од нивните гробови.
Бог страдаше и воскресна по ради Својата безмерна љубов кон човекот. И бидејќи Божјото воплотување и воскреснување е осмислено единствено со љубовта, така и делото на спасението на човекот е невозможно без подвигот на љубовта. Тој подвиг Бог постојано го очекува и од нас, бидејќи „љубовта е исполнување на Законот” (Рим. 13, 10). Украсувајќи си го животот со вера и срцето со чистота, да го исполниме благословот на свети апостол Јован кој вели: „Кој го сака брата си, тој е во светлината” (1. Јн. 2, 10).
 
== Воскресението во Светото Писмо ==
Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие.
==Надворешни врски==
[* http://ortos.wordpress.com/2008/04/13/%d0%a2%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%92%d0%be%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%a1%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb/ Тајната на Воскресението]
[* ]
[[Категорија:Празници]]
3.103
уредувања

Прегледник