Безмолвие

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:21, 9 ноември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: Безмолвие (тихување, исихија) е состојба на молитвено тихување; мирување, сведување на телесните движе...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Безмолвие (тихување, исихија) е состојба на молитвено тихување; мирување, сведување на телесните движења на минимум за да се постигне и одржи најголема концентрација на духот. Во таа смисла се користи овој црквенословенски збор, кој некои го распознаваат и како „неподвижност“.

Под безмолвие се подразбира уште и еден начин, т.е. монашки подвиг, чии основни црти се: осаменост, одвојување и прекин на речиси сите врски со надворешниот свет и со другите луѓе и молитва (особено Исусовата молитва) како главно занимање на подвижникот. Монахот којшто води таков живот се нарекува уште и тихувател или безмолвник (исихаст), а да се живее така значи да се безмолствува (тихува). Има и уште едно потесно значење „молчење“, па на поимот безмолвник донекаде му одговара и стариот израз „молчаник“.