Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Апостол Матиј

Свети апостол Матиј (грч: Ματθίας), е избран за апостол на местото на Јуда Искариот (Дап 1,15-26). До неговиот избор дошло после Вознесението Хрустово и говорот на свети апостол Петар, во кој го спомнува пророштвото за предавството на Јуда (Пс 41,9), како и следното пророштво дека „Епископството негово друг ќе го прими“ (Пс 69,25; 109,8).

Св. Петар поставил два услови кои кандидатот за оваа највисока служба во Христовата Црква мора да ги исполни:

  1. "кои беа заедно со нас сето време откако меѓу нас дојде и замина од нас Господ Исус“, т.е. до Вознесението Христово и
  2. „да... биде со нас сведок на Неговото Воскресение“ (Дап 1,21-22)

Избрани се двајца: Јосиф, наречен Варсава, кој исто така бил наречен и Јуст, и Матиј. Во молитва, Црквата Го замолила Бога: „Господи, Ти Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого го имаш избрано од овие двајца, да земе дел во оваа служба и апостолство, од кое отпадна Јуда, за да појде на своето место!“ (Дап 1,24-25) „И фрлија жрепка за нив, а жрепката падна за Матиј па него го вброија во единаесетте апостоли.“ (Дап 1,26)

Од Новиот Завет не се знае ништо повеќе за овој апостол. Според Светото Предание, Матија најпрво проповедал во Јудеја, па во Етиопија, а се смета дека проповедал и во Македонија. Поста се вратил во Јудеја, каде во Ерусалим на суд го извел првосвештеникот Ананаиј, оној истиот кој претходно го убил и светиот апостол Јаков, братот Господов. Матиј бил осуден на смрт од Синедрионот: бил каменуван и со секира му ја пресекле главата. Црквата неговиот спомен го слави на 22, односно 9 август.

Видете исто така