Апостол Јаков Алфеев

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:29, 8 август 2014; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Апостол Јаков во Новиот Завет)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Свети апостол Јаков Алфеев (грч: Ιάκωβος του Αλφαίου), познат и како Јаков Помладиот, е еден од дванаесетте апостоли Христови, син на Алфеј и Марија, брат на светиот апостол и евангелист Матеј. Често се меша со св. апостол Јаков Праведен, брат Господов поради грешка која ја направил блажен Јероним. Црквата го прославува на 22, односно 9 октомври.

Апостол Јаков во Новиот Завет

Јаков Алфеев ретко се спомнува во Новиот Завет. Се појавува во списоците со Светите Апостоли: Мт. 10, 3; Мк. 3, 18; Лк. 1,13; Дела 1,13, како и во врска со Марија, неговата мајка: Мк. 15, 40 (...и Марија, мајка на Јаков Помалиот и Јосиј); Мк. 16, 1 и Мт. 27, 56 (...Марија, мајка Јаковова).

Видете исто така