Јован Пергамски (Зизиулас)

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 11:10, 16 септември 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Дела и студии)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.
Митрополит Јован Пергамски

Јован Зизиулас (р. 1931 год.) е современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.

Живот

Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец Георгиј Флоровски во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.

Богословие

Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието како заедничарење“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.

Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на Максим Исповедник, ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. На тој начин го третира древниот философски проблем на надминувањето на Едниот и Многуте, кој го гледа низ призма на Бога (Трите Ипостаси во Троица и „монархијата“ на Отецот), човечноста (богословска антропологија) и Црквата (еклисиологија). Неговата богословска мисла ја разгледува и есхатолошката онтологија која ја извлекува од делата на св. Максим Исповедник, за кого вистинската онотологија е есхатолошката, односно вистински реално е она нешто кое е реално и во есхатонот. Токму оваа тема е актуелна во неговата најнова книга „Сеќавање на иднината: Една Есхатолошка Онтологија“.

Неговата прва објавена книга била воедно и докторската дисертација на Атинскиот Универзитет (1965 г.), насловена „Евхаристија, Епископ, Црква: Единственоста на Црквата во Божествената Евхаристија и Епископатот во првите три века“, која претставува придонес и продолжение на делата на отец Николај Афансјев.

Митрополитот Јован, е една од најзначајните личности во екуменскиот дијалог меѓу Православната Црква и другите христијански традиции, и во 2006 го наследи Архиепископот Стилијан Австралиски како претседател на Православната Комисија за дијалог со Римо-Католичката Црква. Тој е исто така познат поради неговото творештво за и околу природната околина.

Дела и студии

  • Ἡ ἑνότης τῆς Ἐκκλησίας ἐν τῇ Θείᾳ Εὐχαριστίᾳ καί τῷ Ἐπισκόπῳ κατά τούς τρεῖς πρώτους αἰώνας 1965
  • Ἀπό τό προσωπεῖον εἰς τό πρόσωπον: Ἡ συμβολή τῆς πατερικῆς θεολογίας εἰς τήν ἔννοιαν τοῦ προσώπου 1976
  • Eλληνισμός και Xριστιανισμός, η συνάντηση των δύο κόσμων, Αποστολική Διακονία της Εκκλησίας της Ελλάδος 2002
  • L'être ecclésial, Labor & Fides, Genève 1980
  • Being as Communion, St. Vladimir's Seminary Press, Crestwood, NY 1985
  • H κτίση ως Eυχαριστία, Θεολογική προσέγγιση στο πρόβλημα της οικολογίας 1992
  • Ο Άγιος Σιλουανός της οικουμένης 2001

Критика

Надворешни врски