Промени

Прејди на: содржини, барај

Ѓакон

Додаден 61 бајт, 15:20, 26 март 2011
interwiki
'''Ѓакон''', дјакон (грч. δάκονος, од глаголот διακονεί - да служиш, да помагаш), е свештенослужителски чин и почетен степен на Црковната ерархија, посветен со хиротонија. Ѓаконот е ракоположен од [[Епископ]]от, а во богослужбите им помага на Епископите и [[презвитер]]ите. Службата на ѓаконите се нарекува ѓаконија (грч. διακονία), но тој збор се наоѓа во Новиот Завет не само како значење на службата на ѓаконот (Рим 12,7), туку и како воопштено значење на службата (Евр 1,14), службата на пророците, аспостолите (1 Тим 1,12; Дап 1,17). Постојат ѓакони во световниот (мирски) и монашки ред (иероѓаконјероѓакон), со почесните титули - протоѓакон за мирскиот, и архиѓакон, за монашкиот. Одеждата на ѓаконот се состои од: [[орар]], [[стихар]] и [[нараквици]].
Како црковна институција, ѓаконот потекнува од апостолските времиња. Бидејќи апостолите се наоѓале на врвот на Црквата, нивната прва и основна служба била проповедта на учењето на [[Господ Исус Христос]]. Кога бројот на учениците - следбеници се зголемил, а грижите и задачите за црковната општина се умножиле, [[Апостол]]ите предложиле да се изберат посебни луѓе кои ќе ја превземат грижата за административните работи: „''Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото''.” (Дап. 6,2-4). Тогаш избрале седуммина ([[Свети првомаченик и архиѓакон Стефан|Стефан]], Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен и Николај), кои Црквата ги нарекува ѓакони.
{{Клир/широк}}
[[Категорија:Клир]]
 
[[bg:Дякон]]
[[en:Deacon]]
[[fr:Diacre]]
[[ro:Diacon]]
6.119
уредувања

Прегледник