6.119
уредувања
Промени
Ѓакон
,interwiki
Како црковна институција, ѓаконот потекнува од апостолските времиња. Бидејќи апостолите се наоѓале на врвот на Црквата, нивната прва и основна служба била проповедта на учењето на [[Господ Исус Христос]]. Кога бројот на учениците - следбеници се зголемил, а грижите и задачите за црковната општина се умножиле, [[Апостол]]ите предложиле да се изберат посебни луѓе кои ќе ја превземат грижата за административните работи: „''Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото''.” (Дап. 6,2-4). Тогаш избрале седуммина ([[Свети првомаченик и архиѓакон Стефан|Стефан]], Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен и Николај), кои Црквата ги нарекува ѓакони.
Во почетокот на Христијанството, во апостолско време, во Црквата служеле и постари, набожни жени наречени - ѓакониси (грч. διακονίσσαι). Со текот на времето, оваа служба исчезнала. Ѓаконите имале литургиска и катихетска функција пред сѐ, но во некои случаи вршеле и мисионерска служба и проповедале (Дап 7,2; 8,5).
{{Клир/широк}}
[[Категорија:Клир]]
[[bg:Дякон]]
[[en:Deacon]]
[[fr:Diacre]]
[[ro:Diacon]]