Дискос

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 18:26, 24 април 2014; направена од Iacovibus (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Дискос и путир

Дискос (ό δίσκος, το δισκάριον, букв. чинија) е тркалезна плитка чинија за евхаристиски леб. Тој се изработува или без, или со ниско подножје, и без особени украси и резби кои би го отежнале собирањето на честици. За време на вршењето на Проскомидија, на дискосот се положува агнецот кој се осветува на Божествената Литургија. На него, исто така, според подоцнежната византиска пракса, се поставуваат и честици во чест на Богородица, светиите и ангелите, епископот, како и живите и упокоени верници.

Над дискосот, за време на Проскомидијата, се поставува Ѕвездата.

Символички, дискосот ја претставува плаштаницата на која било положено телото Господово по распетието, небото, светот, но и витлеемските јасли, според подоцнежното толкување. На дискосот исто така се положуваат и честици од свети мошти при осветување на храмот.