Света маченица Васа Солунска

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 23:13, 12 мај 2020; направена од EGobi (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Света Васа Солунска (Воденска) е православна светителка од просторите на Македонија, која живеела на крајот на 3. и почетокот на 4. век.

Житие

Оваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот император Максимијан (286-308). Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија. Потоа, императорот го принудил него сам да си ја осуди жената на смрт. Пред нејзините очи, тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и сечена. Света Васа била радoсна штo ги видeла свoитe синoви какo чeснo гo завршилe свoјoт мачeнички пoдвиг за Христа и самата сo уштe пoгoлeма вoлја пoшла oд мака на мака. Така св. Васа двoјнo сe удoстoила сo царствoтo Христoвo, и какo мачeничка, и какo мајка на мачeници. Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија. Македонската Православна Црква, Св. Васа ја чествува на 3 септември, односно на 21 август по стар стил.