Православна-енциклопедија:Трпеза

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 11:34, 1 март 2008; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Избрани статии)
Прејди на: содржини, барај

Во манастирите, трпеза е местото за јадење каде монасите и поклониците (и намерниците и верниците) се собираат за време на оброците и да разговараат (иако монасите не зборуваат за време на оброците). Трпезата на OrthodoxWiki служи како главно место за дискусии околу нашата страница.

Чувствувајте се слободни и придружете ни се, без разлика дали се разботи за прашање, идеја или пак коментар. Среќни сме што ве имаме тука. Исто така, посетете го и порталот на заедницата за поспецифични прашања.

Внес на дневни шаблони

Започна внесувањето на дневните празнични шаблони.

До сега, внесени се неколку денови од јануари, и постепено се внесуваат деновите од февруари. Васко работи на автоматското внесување на статии, преку Google calendar.

Iacovibus 06:55, февруари 19, 2008 (PST)

Избрани статии

Бидејќи Православната енциклопедија, со Божја помош, го зголемува бројот на статии, можно е од следниот месец (март) да се почне со избор на избрани статии два пати месечно, односно секој прв и петнаесетти ден од тековниот месец.

Предлозите можат да се оставаат тука, но и на посебна страница: Разговор за категорија:Избрани статии.

Iacovibus 06:55, февруари 19, 2008 (PST)

Избор на небесен покровител

Тука оставете ги вашите предлози. Ве молиме, секој предлог потпишете го со четири тилди (~~~~) за да биде јасно чиј е секој предлог. Еден корисник има право да предложи најмалку еден, а најмногу три светители / светителки. Откако ќе се добијат предлозите (рокот ќе биде дополнително одреден), ќе следи дискусија и избор.

Iacovibus 08:13, септември 9, 2007 (PDT)

Преподобен Кирил Философ, свети Ахил Лариски.

Ѓакон Тони 05:05, септември 15, 2007 (PDT)

Свети Василиј Велики

Taneski 11:39, октомври 8, 2007 (PDT)

Св. Јован Богослов

Bi 11:57, октомври 8, 2007 (PDT)

Света Лидија Македонска, свети цар Јустинијан, свети Димитриј Солунски

Makeddon 13:47, октомври 12, 2007 (PDT)

Свети Наум Охридски, Свети Јован Златоуст

Iacovibus 05:21, октомври 13, 2007 (PDT)

Света Лидија Македонска, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Milos 11:05, октомври 15, 2007 (PDT)

Свети Јоаким Осоговски, Свети Димитриј Солунски

deko 07:08, ноември 4, 2007 (PST)


По Божја промисла, за небесен покровител на македонската локализација на Православната енциклопедија е избран Свети великомаченик Димитриј Солунски мироточив.