Свети свештеномаченик Корнилиј

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:36, 26 септември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (креирање на статија)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Бил прв од незнабожците што пристапиле на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеале дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се покрстил, Корнилиј оставил се’ и тргнал по светиот апостол Петар.

Овој апостол подоцна го поставил за епсикоп и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпел многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урнал храмот на Аполон и го крстил кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци. Откако бил известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повикал сите христијани, ги посоветувал, се помолил на Бога за нив, и мирно се преставил кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавиле неговиот гроб кој станал запуштен. Но светителот му се јавил на Троадскиот епископ Силуан и му јавил за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го извршил тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршиле многубројни чуда.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.