Манастир

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 21:35, 5 април 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Видете исто така)
Прејди на: содржини, барај
Манастирот Св. Екатерина, Синај, Египет

Манастир (грч. μοναστήριον, μονή), е монашка населба, комплекс на градби која е устроен во склад со строго определен начин на живот и монашни потреби. Манастирот е уточиште на овоземниот свет во кој монасите се посветуваат на молитва и подвиг во потрага за сопственото спасение и спасението на оние за кои се молат. Севкупниот простор на манастирот претставува светилиште, чие символично средиште е главната црква - католикон.

Организација

Во манастирите, животот може да биде организиран како киновија (κοινόβιον) - општежителство, заедништво на сите жители, идиоритмија (ίδιορυθμία), каде монасите имаат своја сопственост и се грижат сами за себе, и лавра (λαύρα) во која одделни одредби на овие заедници биле обединети. Бидејќи во првите векови не постоеле монашки заедници, усвоениот модел во Византија најчесто вил киновиски, дополнително определен и дефиниран со манастирски устав - типик, за секоја заедница одделно. Почитувајќи ги општите Црковни одредби, типикот го издавал ктиторот, односно основачот на манастирот, давајќи му административна организација, однесување на монасите и други правила. Во определени манастири, како посебна целина, постоел и литургиски типик, со кој бил уреден редоследот на дневните богослужби. Секој манастир има старешина - игуман, а некои од монасите во манастирот кои се со посебни титули (иконом, еклисијарх и сл.) имаат дополнителни обврски да се грижат за црквата, трпезаријата, ризницата, архивата, библиотеката и другите потреби и содржини на манастирот.

Видови

Средновековните манастири се разликувале по општествениот статус на ктиторот, како и по својата црковно-правна положба. Ктитори на манастир можеле да бидат владетели, високи црковни достоинственици, но и самите монаси. Освен типикот, ктиторите ја издавале и повелбата, документ со кој на манастирот се дарувале поседи (метоси) и приходи, биле утврдени меѓусебните права и обврски меѓу основачите и братствата. Во однос на правните недлежности, манастирите можат да бидат царски, патријаршиски (или ставропигијални), епископски, приватни и самостојни. Најбројни монашки заедници во Византија биле во Константинопол (Цариград) и Свети Гори (збир на манстири и испосници оформени низ целото царство, како оние на Олимп, Метеори и Света Гора). Според до сега познатите извори за проучување на византиската историја, забележано е постоењето на повеќе од илјада манастири.

Архитектура

Архитектонски гледано, манастирот претставува сложена целина во која преовладува црковната градба (католикон). Просторот на манастирот најчесто е организиран во облик на неправилен четвороаголник кој го опишува манастирската ограда. Таа може да биде изведена од дрво или соѕидана, со кули или без нив, и има двојна намена: да ја заштити внатрешноста на манастирот и да го раздели просторот на манастирот од надворешниот. Долж внатрешната страна на манастирските ѕидини се наоѓаат монашки целини, палата за црковните достоинственици и владетелите, кујна, магирница, работилници, а понекогаш и библиотека, костурница, гостоприемна соба и болница. Покрај католиконот, во манастирите по правило постојат уште неколку помали храмови и параклиси. Особено значење и смисол во животот на еден манастир има трпезаријата, односно трпезата, во која монасите заедно јадат според правилата пропишани во типикот, најчесто после молитва. Од таа причина, трпезаријата е објект на кој се посветува особено внимание при градење на манастир. Во византиското општество, како и во средновековните држави под верско и културно византиско влијание, на манастирите им припаѓала многу важната улога во културниот и духовен живот. Во голем дел од нив постоеле бибилиотеки, а голем број теолози и црковни писатели од различни времиња потекнуваат толку од монашки средини. На посебен начин, манастирите претставувале и социјални институции, како посебен вид засолниште за сиромашните, стари и болни луѓе.

Во склоп на манастирите започнато е и учењето за исихазмот, посебно богословско учење систематизирано во 14 век на Света Гора.

Видете исто така