Разлика помеѓу преработките на „Недела на Свети Григориј Палама“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с (Видете исто така)
 
Ред 21: Ред 21:
 
== Химнографија ==
 
== Химнографија ==
 
=== Тропар ===
 
=== Тропар ===
 +
: На православието светилнику, на Црквата тврдино и учителу,
 +
: на монасите  украсу, на богословите непобедлив заштитнику, 
 +
: Григорие  чудотворче, солунска похвало,
 +
: на благодатта проповеднику, моли се секогаш да се спасат душите наши.
 
=== Кондак ===
 
=== Кондак ===
 +
: Сега е времето за работа: пред вратите е  судот,
 +
: постејќи  да  станеме и  да принесеме  солзи покајни,
 +
: со милостина, викајќи: Згрешивме повеќе од морскиот песок.
 +
: Но прости ни, Создателу на сите, за да примиме венци нетлени.
 +
=== Кондак, на светиот ===
 +
: Свештен  и  божествен  органу  на Премудроста,
 +
: светла трубо на богословието, согласно те воспеваме,
 +
: Григорие Богопроповедниче: но, како ум којшто стоиш
 +
: пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме:
 +
: Радувај се, проповедниче на благодатта.
 
== Видете исто така ==
 
== Видете исто така ==
 
* [[Синаксар на Неделата на свети Григориј Палама]]
 
* [[Синаксар на Неделата на свети Григориј Палама]]

Последна преработка од 15:37, 1 март 2010

Свети Григориј Палама

Недела на Свети Григориј Палама е втората недела од Великиот пост, кога Црквата го слави споменот на Григориј, Архиепископот Солунски. Оваа недела е помеѓу Недела на Православието и Крстопоклоната недела.

Значење

Општо земено, празнувањето на оваа недела е фокусирано на учењето на Црквата дека човекот може да се обожи преку благодатта Божја во Светиот Дух. Всушност, ова учење е богооткриено и предадено преку Светите Отци. На пример, свети Атанасиј Велики пишува дека Бог стана човек, за човекот да стане Бог, по благодат. Токму ова „станување Бог по благодат“ Црквата го смета за цел на човековиот живот, и истата се празнува оваа недела.

Историско значење

Свети Григориј бил еден од најзначајните сведоци дека аскетскиот пат на молитвата и постот ги спрема луѓето да бидат заедницачи на нестворената светлина на Божјата слава дури и во овој живот. Поради неговата одбрана на Православието од еретичките напади и утврдувањето на богооткриената вистина, оваа недела му се посветува нему како втора победа на православието; токму затоа и е сместена после првата недела на Великиот пост, која се слави како победа на православието.

Историски гледано, оваа недела претходно била посветена на свети Поликарп Смирнски, но и на Светото Преображние.

Духовно значење

Духовниот аспект на оваа недела се надоврзува на оној на претходната, односно на верата. Покрај верата, на човекот му е потребен и подвиг, труд. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 1,10-2,3 а Евангелието од Евангелието според Марка, 2,1-12.

Апостолот поучува и прашува:

И пак: “Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; ќе ги свиткаш како наметало, и тие ќе се изменат: но си Ти секогаш Ист, и Твоите години нема да свршат”. А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: “Седи од Мојата десна страна, дури непријателите Твои не ги станам во подножјето на нозете Твои”? Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението? Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме. Оти, ако реченото слово преку ангелите се покаже верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплатакако тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него?

Во евангелското четиво, пак, се прикажува трудот и желбата за исцелување на фатениот, кој го приведуваат кон Христа преку покривот во една куќа.

Химнографија

Тропар

На православието светилнику, на Црквата тврдино и учителу,
на монасите украсу, на богословите непобедлив заштитнику,
Григорие чудотворче, солунска похвало,
на благодатта проповеднику, моли се секогаш да се спасат душите наши.

Кондак

Сега е времето за работа: пред вратите е судот,
постејќи да станеме и да принесеме солзи покајни,
со милостина, викајќи: Згрешивме повеќе од морскиот песок.
Но прости ни, Создателу на сите, за да примиме венци нетлени.

Кондак, на светиот

Свештен и божествен органу на Премудроста,
светла трубо на богословието, согласно те воспеваме,
Григорие Богопроповедниче: но, како ум којшто стоиш
пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме:
Радувај се, проповедниче на благодатта.

Видете исто така

Надворешни врски