Разлика помеѓу преработките на „Велигденски пост“
(→Структура на постот) |
|||
Ред 8: | Ред 8: | ||
На Великиот пост му претходат четири подготвителни недели: | На Великиот пост му претходат четири подготвителни недели: | ||
− | + | # [[Недела на митарот и фарисејот]] | |
− | + | # [[Недела на блудниот син]] | |
− | + | # [[Месопусна недела]] | |
− | + | # [[Сиропусна недела]] | |
По Месопусната недела, месото е отстрането од трпезата. По Сиропусната недела (позната како Прочка, Поклади), млекото и млечните прозиводи се отстрануваат, со што почнува постот со чистиот понеделник. | По Месопусната недела, месото е отстрането од трпезата. По Сиропусната недела (позната како Прочка, Поклади), млекото и млечните прозиводи се отстрануваат, со што почнува постот со чистиот понеделник. | ||
Ред 17: | Ред 17: | ||
Понеделникот по Поклади (Прочка, Сирна недела): | Понеделникот по Поклади (Прочка, Сирна недела): | ||
− | + | # [[Недела на Православието]] | |
− | + | # Недела на [[Свети Григориј Палама]] | |
− | + | # Недела на Чесниот Крст ([[Крстопоклона недела]]) | |
− | + | # Недела на [[Свети Јован Лествичник]] | |
− | + | # Недела на [[Света Марија Египетска]] | |
=== Богослужби === | === Богослужби === |
Преработка од 08:01, 5 февруари 2010
Велигденски пост, односно Великиот пост е периодот од четириесет подготвителни денови за Страдалната седмица и Пасха. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на Господ Исус Христос.
Значење
Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради.
Структура на постот
На Великиот пост му претходат четири подготвителни недели:
По Месопусната недела, месото е отстрането од трпезата. По Сиропусната недела (позната како Прочка, Поклади), млекото и млечните прозиводи се отстрануваат, со што почнува постот со чистиот понеделник.
Понеделникот по Поклади (Прочка, Сирна недела):
- Недела на Православието
- Недела на Свети Григориј Палама
- Недела на Чесниот Крст (Крстопоклона недела)
- Недела на Свети Јован Лествичник
- Недела на Света Марија Египетска
Богослужби
Во саботите и неделите на Великиот Пост се служи Светата Литургија на Свети Василиј Велики. Од друга страна, во текот на неделата, односно во среда и петок се служи Литургија на претходно осветени дарови, односно Литургија на Свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Оваа богослужбена структура е плод на потребата на верните што почесто да заедничарат со Светите Тело и Крв Христови. На Литургијата на Свети Григориј Двоеслов читањата се земаат од Стариот Завет, фокусирајќи се на Битие, Изреки Соломонови и Книга Исаија.
Пост
За време на Великиот пост, верните го ограничуваат внесувањето на храна, ја засилуваат домашната и заедничка молитва, се трудат да се каат и да прават добри дела. Внесувањето на храна е ограничено на растенија кои се приготвуваат без употреба на масло. Месото и млечните прозиводи, виното и маслото не се користат во исхраната. Бидејќи строгиот пост е строго канонски забранет во сабота и недела, масло и вино се употребуваат во тие два дена (освен на Велика Сабота). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници (Врбица). Ако Благовештение се падне пред Цветници, тогаш на денот на Благовештение се разрешува на масло и вино.