Разлика помеѓу преработките на „Прв вселенски собор“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
(Никејски Символ на верата: +image)
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник)
Ред 25: Ред 25:
  
 
==Никејски Символ на верата==
 
==Никејски Символ на верата==
 
+
[[Image:THE FIRST COUNCIL OF NICEA.jpg|thumb|left|150px|Прв вселенски собор]]
 
За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Символ на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на Црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на [[свети Атанасиј Велики]] (во тоа време ѓакон) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот Симбол на верата, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Чекор понапред, во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Символ во кратки црти го содржи учењето за светата природа на [[Света Троица]].
 
За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Символ на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на Црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на [[свети Атанасиј Велики]] (во тоа време ѓакон) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот Симбол на верата, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Чекор понапред, во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Символ во кратки црти го содржи учењето за светата природа на [[Света Троица]].
  
Ред 38: Ред 38:
 
[[Категорија:Вселенски собори]]
 
[[Категорија:Вселенски собори]]
  
 +
[[ar:المجمع_المسكوني_الأول]]
 +
[[el:Α΄ Οικουμενική Σύνοδος]]
 
[[en:First Ecumenical Council]]
 
[[en:First Ecumenical Council]]
 +
[[ro:Sinodul I Ecumenic]]

Последна преработка од 17:19, 26 март 2011

Икона на Светите Отци на Првиот вселенски собор

Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција), свикан од светиот цар Константин Велики во 325 год. е првиот Вселенски собор на Христијанската Црква. Од него произлегла првата унифицирано и општоприфатено христијанско и богооткриено учење. Со создавањето на Никејскиот Символ на верата, преседан е создаден според кој за прв пат во историјата на Црквата е даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.

Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската Црква околу природата на Господ Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Господ Исус Христос има иста или слична природа на Бог Отецот. Св. Александар и св. Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека презвитер Ариј (од кого се развива и подоцнежното еретичко Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј). Другото решение кое било донесено на овој Првиот вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се случува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското еврејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот папа секоја година да го соопшти датумот на останатите архиепископи.

Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (соборно, католично) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија.

Карактер и цел

Првиот вселенски собор бил свикан од страна на светиот цар Константин Велики, а по препорака на Синодот предводен од Хосиј од Кордоба во 325 година, кој ја предводел истрагата на недоразбирањата предизвикани од страна на Аријанската ерес присутна во гркојазичниот исток. За поголемиот број на епископи, учењата на Ариј биле еретички и претставувале реална опасност против спасувањето на душите. Со таа цел, во летото 325 година, епископите од сите христијански провинции биле повикани во Никеја во Битнија (позната и како Изник во денешна Турција) – место лесно достапно за поголемиот борј од нив, а посебно за оние од Мала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Грција и Тракија.

Приближно триста епископи биле присутни на Никејскиот собор, и тоа од секој регион на Светото Царство, освен од Британија. Ова инаку претставува прв општ собор во историјата на Црквата уште од Апостолскиот собор во Ерусалим на кој се воспоставиле правилата според кои нееврејските народи можеле да се придружат на Црквата. Чекор понапред, на овој Собор Црквата го превзела првиот чекор кон попрецизното дефинирање на доктрината на Христијанството како резултат на предизвиците кои се појавиле од страна на разните еретички учења. Решенијата донесени на овој Собор, како екуменски, биле полноважечки за целата Црква.

Присутни делегати

Св. цар Константин I ги поканил сите 1800 епископи на Христијанската Црква, но на овој Собор учевствувале само помеѓу 250 и 320. Во врска со тоа кој присуствувал, постојат повеќе извори и оттука, повеќе тврдења. св. Евсевиј Цесарески избројал 250, св. Атанасиј од Александија 318, додека св. Евстасиј Антиохиски запишал дека биле присутни околу 270 епископи. Во подоцнежните дела, Схоластичарот Сократ евидентирал повеќе од 300, додека Евагриј, Хилариј, Јеремија и Руфиниј запишале дека биле присутни 318 епископи. За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на Царот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Оттука, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 (илјада и пестотини). Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на Христијанството како рамноправна вера во Светата Империја со Едиктот од Милано (од февруари 313 година). Источните епископи преовладувале на овој Собор, од кои на највисок ранг биле вбројани архиепископите св. Александар Александриски, св. Евстасиј Антиохиски и св. Макариј Ерусалимски. Некои од богоносните отци како св. Пафнутиј од Теба, Потамон од Хераклеа и Павле од Новоцесареа сѐ уште на нивните лица ги имале трагите од скорешниот прогон како сведоци на верата. Понатаму, како значајни учесници се вбројуваат Евсевиј од Никомедија, св. Евсевиј Цесарески, св. Николај Мир-Ликиски, Аристакиј од Ерменија, св. Јаков Нисивијски (поранешен пустиник), св. Спиридон, св. Ахил, св. Пафнутиј, св. Митрофан Цариградски и др. Од други места, тука биле присутни и персискиот епископ Јован, готскиот епископ Теофил и Стратофил, епископ на Питиунт и Егриси (лоцирани на денешната граница помеѓу Русија и Грузија). Од подрачјата со латинско говорно подрачје присутни биле најмалку пет претставници: Марко од Калабрија, Сесилијан од Картагина, Хосиј од Кордоба, Никасиј од Дижон и Домнус од Стридон. Папата Силвестер I не можел да присуствува поради болест, но бил застапуван од двајца свештеници.

Аријанска ерес

Аријанската ерес на почетокот претставувала Христолошка расправа која започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Св. Александар Александриски (хомоусијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста.

Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Синот е „роден“ или „создаден“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни подрачја, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските филозофи. На почетокот околу дваесетина епископи го мподдржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се оттргнале од него и се приклучиле на мнозинството.

На крај, донесен е Символот на верата со што Аријан и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во Илирик.

Никејски Символ на верата

Прв вселенски собор

За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Символ на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на Црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на свети Атанасиј Велики (во тоа време ѓакон) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот Симбол на верата, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Чекор понапред, во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Символ во кратки црти го содржи учењето за светата природа на Света Троица.

Славење на Пасхата

После 19 јуни почнало да се расправа за определувањето на датумот на славење на Велигден. Во западниот дел од Римското Царство бил прифатен обичајот за славење на Велигден во неделата после еврејската Пасха, додека повеќе помесни Цркви на Истокот го задржале славењето на самиот ден Пасха, т.е 14 нисан според еврејскиот календар. Во Рим и Александрија, пак, се внимавало Велигден да не биде на истиот ден како и еверејската Пасха. На крај било одлучено секоја година александрискиот патријарх да му соопштува на римскиот папа кој ден ќе биде славен Велигден. Тоа требало да биде првата недела после првата Полна Месечина после пролетната рамноденица.

Мелетска схизма

Мелетската схизма била уште една од важните работи кои се разгледувале на овој собор. Одлучено било Мелетиј да остане во неговиот град Ликопол, но без никаква власт иако му било дозволено да го задржи епископскиот чин. Овие благи мерки не вродиле плод, така што овој конфликт уште многу долго постоел. Мелетијците подоцна се здружиле со аријанците, и св. Атанасиј Александриски уште долго време потоа имал недоразбирања со нив. Конечно, мелетијанството изумрело во средината на 5 век.