Разлика помеѓу преработките на „Недела на Свети Јован Лествичник“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(Видете исто така)
с (Надворешни врски)
Ред 22: Ред 22:
  
 
== Надворешни врски ==
 
== Надворешни врски ==
 +
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=185&Itemid=78 Свети Теодор Студит, Поука на четвртата недела од Великиот Пост, на почетокот на пролетта, АКМПЕ]
 
[[Категорија:Пост]]
 
[[Категорија:Пост]]
 
[[en:Sunday of St. John Climascus]]
 
[[en:Sunday of St. John Climascus]]

Преработка од 21:09, 11 март 2010

Икона на која е прикажана Божествената Лествица

Недела на Свети Јован Лествичник е четвртата недела на Велигденскиот пост, и доаѓа после Крстопоклоната недела. Оваа недела Црквата се сеќава на свети Јован Лествичник, духовен светилник и автор на капиталното дело на православната духовност - Лествица.

Значење

Духовно значење

Секоја од неделите на Великиот пост е посветена на определен настан, личност или мотив. Оваа недела Црквата се потсетува на сведоштвото на св. Јован за потребата од вистинска духовна борба („до крв“) за влегување во Царството Божјо. Исто така, овој мотив слуши за поттик на верните кон целта на нивниот подвиг во постот, зашто според Господа, само „оние кои издржат до крај ќе бидат спасени“ (Матеј 24,13).

Химнографија

Тропар

Оче Јоване, кој на небесата засветли со добродетели,
а засаден на сигурна почва, набожно се искачи до неизмерната
длабочина на богосозерцанието; а откако ги победи лукавствата демонски,
ги штитиш луѓето од нивните напади, скало на добродетелите;
и сега се молиш да се спасат слугите твои.

Кондак

На висина од воздржанието Господ навистина
те положи, како ѕвезда вистинска, која ги осветлува
краиштата на земјата, наставниче, оче наш Јоване.

Видете исто така

Надворешни врски