Разлика помеѓу преработките на „Недела на Чесниот Крст“
(New page: '''Недела на Чесниот Крст''' е третата недела на Великиот пост, позната и како Крстопо...) |
с |
||
Ред 21: | Ред 21: | ||
== Надворешни врски == | == Надворешни врски == | ||
[[Категорија:Пост]] | [[Категорија:Пост]] | ||
+ | [[en:Sunday of the Holy Cross]] |
Преработка од 15:55, 1 март 2010
Недела на Чесниот Крст е третата недела на Великиот пост, позната и како Крстопоклона недела. Службите од оваа недела вклучуваат посебно чествување на Крстот, со што верните се подготвуваат за споменот на Распнувањето во Страстната седмица.
Содржина
Значење
Оваа недела Црквата ја посветува на богооткриената вистина дека на Крстот Христос бил положен како „Божја сила и Божја Премудрост“ (1Кор 1,24). Оваа недела на средината на Велигденскиот пост крстот е поставен на средината на црквата, не само за да ги потсети верните на покајание и да ги поттикне во продолжувањето на подвигот, но и да ги потсети дека „кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.“ (Матеј 10,38)
Историско
Историското значење, кое се согледува во химнографијата на оваа недела, е победата и радоста на крстот. Светите Отци го поистоверуваат живототворниот крст со дрвото на животот и токму затоа го „засадиле“ во средината на Великиот пост. Крстот е дрвото кое било посадено во рајската градина, и преку него верните се потсетуваат на благословеноста Адамова и неговото отпаѓање од неа.
Духовно
За ранохристијанските катихумени, духовното воздигнување за време на постот од оваа недела се менува: од личната вера и личните борби, кон Христа. Црквата од овој момент започнува да учи дека Христовиот Крст е тој кој спасува; човекот не може да го земе својот крст и да Го следи Христа, освен ако неговиот крст не е Христов, односно крстот кој го спасува човештвото. Земајќи учество во тоа дрво, човекот нема веќе да умре, туку вечно ќе живее.
Сето ова се прави за да се возобноват силите, и да се охрабрат оние кои го постат постот. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите 4,14-5,6 и го објаснува Христовото свештенство, а Евангелието е Марково 8,34-9,1 и завршува со следните зборови: „И им рече: “Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нама да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено со сила.”