https://mk.orthodoxwiki.org/api.php?action=feedcontributions&user=Acegakon&feedformat=atomПравославна-енциклопедија - Придонеси на корисникот [mk]2024-03-29T06:52:38ZПридонеси на корисникотMediaWiki 1.30.0https://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%97%D0%B0%D1%83%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0&diff=2971Заупокоена ектенија2010-02-19T11:32:32Z
Acegakon: New page: Заупокоената ектенија или трисагија како што се нарекува поинаку претставува ектенија за упокоените ...

Заупокоената ектенија или трисагија како што се нарекува поинаку претставува ектенија за упокоените православни христијани, и како таква претставува најкраток богослужбебн молитвен чин за упокоените кога се извршува одделно, а истата е составен дел и на опелото и на парастосот и на литургијата. Содржи неколку прозби, на кој народот одговара Господи помилуј по три пати, крајната прозба има прозбен карактер и се одговара подаи Господи. Потоа доаѓа молитвата Боже на духовите,возгласот Зошто ти си воскресение.... и отпуст. Кога заупокоената ектенија се прави како посебен чин тогаш пред неа се чита трисвето и се пеат четири заупокоени тропари на четврти глас, а потоа доаѓа ектенијата.

Заупокоената ектенија гласи Помилуј не Боже по големата Твоја милост ти се молиме услиши не и помилуј

Господи помилуј три пати

Уште се молиме за упокоение на душата на починатиот раб Божји(името) и да му е прости секое согрешение волно и неволно

Господи помилуј три пати.

Та Господ нашиот Бог да ја всели неговата или нејзината душа каде што почиваат праведниците

Господи помолуј трипати.

Милост Божја, Царство небесно, простување на неговите или нејзините гревови од Христа бесмртниот Цар И бог наш просиме

Подаи Господи.

На Господа да се помолиме.

Господи помилуј.

Боже на духовите и на секое тело, Кој смртта со смртта си ја уништил, и ѓаволот си го поразил,и на светот твој живот си му дарувал. Ти самиот Господи, упокоја ја душата, на твојот, раб или рабинја или раби, во место светло, место блажено, место мирно, кај што нема болка тага ни воздишка.

Како добар и човекољубив Бог прости му секое согрешение волно и неволно, зо збор дело и помисла, оти нема човек кој ќе живее а да не згреши, бидејќи Ти си Господи Единствен без грев, и Твојата правда е вечна правда и Твоето слово е вистина.

Зошто Ти си воскресение живот, и спокој на починатиот раб Твој(името), Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Благиот и Живототворниот Твој Дух сега и секогаш во вечни векови.
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%95%D0%BF%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B0&diff=2970Епиклеза2010-02-19T11:03:57Z
Acegakon: New page: Под поимот епиклеза го подразбираме повикувањето на Светиот Дух, да дојде и да ги освети предложените ...

Под поимот епиклеза го подразбираме повикувањето на Светиот Дух, да дојде и да ги освети предложените дарови на литургијата, лебот и виното и да ги претвори во Тело и Крв Христови. Епиклезата според тоа е дел од канонот на евхаристија, на сите литургии напишани во историјата,со исклучок на литургијата на претходноосветени дарови, каде нема потреба од епиклеза. Според тоа епиклезата по својата форма е молитва која што ја чита предстојателот на литургиското собрание епископот или свештеникот, и после која молитва веруваме дека евхаристисите дарови се претвориле во Тело и Крв Христови. Епиклезата доаѓа после анамнезата, која е спомнување за Христовиот живот и последната Тајна вечера. Кај Римокатоличката христијанска заедница епиклезата не постои, туку тие веруваат дека преку анамнезата даровите се осветуваат. Тоа нивно верување го засноваат на учењето дека на Тајната вечера немало епиклеза, но на Тајната вечера бил самиот Христос, кој ги осветил даровите, додека после таа прва литургија во историјата, на сите други литургии епиклезата бил составен дел од литургијата,почнувајќи од оние најдревните апостолски литургиски текстови.

Еве го текстот на епиклеза во литургијата која најчесто се служи денес а, тоа е Златоустовата литургија.

Златоустова епиклеза гласи Уште ти се молиме те преколнуваме и ти се умилкуваме испрати го Пресветиот Твој Дух на нас и на овие предложени дарови и претвори го овој леб во чесно Тело на Твојот Христос Амин А што е во оваа чаша чесна Крв на Твојот Христос Амин Ги претвори со Својот Свет Дух Амин ,Амин, Амин...............
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%9C%D0%B0%D0%BB_%D0%92%D1%85%D0%BE%D0%B4&diff=2948Мал Вход2010-02-16T19:02:08Z
Acegakon: New page: Малиот вход е стандарден дел од светата литургија, кој што подразбира влегување на свештенослужителит...

Малиот вход е стандарден дел од светата литургија, кој што подразбира влегување на свештенослужителите во олтарот,коишто при влегувањето го носат евангелието Збород вход значи влегување. Малиот вход во раната Црква всушност бил почеток на литургијата, во тој момент епископот влегувал во олтарот, со што се означувал почетокот на литургијата. Антифоните се пееле во текот на процесијата, додека епископот од својот дом доаѓал во храмот и со неа раководеле презвитерите. Во денешно време антифоните се составен дел од литургијата и тие му претходат на малиот вход,а, малиот вход се изведува на тој начин што свештенослужителите со евангелието во раце излегуваат од олтарот низ вратата, преку која се влегува во проскомидијалникот, поминуваат низ храмот, застануваат пред дверите, ако служи ѓакон, тогаш ѓаконот ако не свештеникот возгласува: "премудрос простум да стоиме", по што влегуваат во олтарот.Од древниот вход и денес имаме остаток, кога служи епископ, тој не учествува во литургијата за време на антифоните туку стои на епископскиот трон, за првпат во олтарот влегува по малиот вход. Малиот вход го означува движењето, на Целата Црква кон Царството Божјо чиј предвкус го доживуваме на светата литургија. Тоа е искачување влез во свјатаја свјатих за таму да бидеме осветени преку принесувањето на бескрвната жртва. Навистина во олтарот влегуваат само свештенослужителите но во името на целиот народ. На еден таинствен мистичен начин всушност и целиот народ се издигнува и влегува во олтарот за да биде обожен. Според некои теолози входот има и символично значење, го символизира излегувањето на Христа меѓу народот и неговата проповед. Малиот вход е еден од главните делови на литургијата, малиот вход е застапен во сите литургиски текстови.
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%9E%D1%80%D0%B0%D1%80&diff=2433Орар2009-07-11T13:03:27Z
Acegakon: New page: ОРАР (грч: ωράριον); најпрепознатлив и најважен дел од одеждата на ѓаконот без кој тој не може да учеств...

ОРАР (грч: ωράριον); најпрепознатлив и најважен дел од одеждата на ѓаконот без кој тој не може да учествува во ниту едно свештенодејство, најчесто е украсен со крстови и разни везови, и претставува според својата форма долга од 3 до 5 метри максимум и широка од 15-20 цм трака. Еден крај на орарот на ѓаконот му се спушта врз грбот, а другиот оди преку градите, а потоа под десната пазува(мишка), па преку грбот и левото рамо се спушта напред. Овој друг крај на орарот –ѓаконот го држи во десната рака и се крсти со него кога ги произнесува ектениите, или покажува на некои важни работи во текот на богослужението.

Протоѓаконите и архиѓаконите исто така носат орар, нив им се дава двострук орар како знак на нивното првенство меѓу ѓаконите. Во делот на литургијата кога се извршува причестувањето на свештенослужителите , како и на верниот народ ѓаконите орарот го препојасуваат крстовидно , како символ на нивната готовност и динамчност да служат и помагаат во моментот на причестувањето. Крстовидно постојано го носат орарот ипоѓаконите. Во раната литургиска практика, ѓаконот со орарот и ми ги бришел усните на причесниците што пристапувале.

Орарот се споменува уште од дамнешни времиња и тоа не само како одежда на ѓаконите туку дури и на презвитерите и епископите. Се спомнува дека великиот цар св. Константин Велики на патријархот Макариј му поклонил орар. Овој вид на одежда се споменува во 22 и 23 правило на Лаодикискиот собор како одежда која се забранува на ипоѓаконите.

Зборот орар потекнува од грчкиот глагол ώράριον што значи да се украсува нешто, бидејќи орарот ги украсува ѓаконите со благодатта и велелепирто на славта Божја. Бидејќи ѓаконите за време на богослужението ги символизираат анѓелите двата краја на орарот вели св. Јован Златоуст ги символизираат крилјата на анѓелите и нивната готовноста во секој момент да извршуваат волјата Божја. Од тие причини се среќаваат орари на кој освен крстови се впишани зборовите кој што ангелите му ги упатуваат на Бога а, за кој сведочи и пророк Исаија: “свјат свјат, свјат Господ Саваот..................”
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%95%D0%BF%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%85%D0%B8%D0%BB&diff=2414Епитрахил2009-06-23T11:37:13Z
Acegakon: New page: Eпитрахил навратник(грч: επιτραχήλιον, од επι - на и τραχήλος - врат); е најважниот дел од свештеничката о...

Eпитрахил навратник(грч: επιτραχήλιον, од επι - на и τραχήλος - врат); е најважниот дел од свештеничката одежда без која свештеникот не може да изврши ниту едно свештенодејство исто како и ѓаконот без орарот. Епитрахилот се става околу вратот и се спушта надоле преку градите а, завршува под колената, односно подоле од колената. На средината двата дела од епитрахилот левиот и десниот се спојуваат со копчиња. Се шие и изработува во различни бои според богослужбените потреби, често пати е украсен со рачни везови. Најчесто по целата негова должина се везат крстови. Епитрахилот всушност настанал од орарот, така што орарот се обвива околу вратот, и двата краја се спуштат споени надоле до под колената. Така всушност епитрахилот е споен на две орар, со оставен отвор за главата во неговиот горен дел. Епитрахилот освен што е одежда на презвитерот таа заедно со омофорот е најважна одежда и на епископот.

Во дамнина епископот при ракополагање на ѓакон за свештеник крајот од ѓаконскиот орар што се спушта на плеќите го префрлал на десното рамо така што двата краја да висат нанапред. Свештеникот го става епитрахилот околу вратот кога извршува некое свештенодејство или обред, а за вршење на света литургија исто го поставува околу вратот но откако ќе го облече стихарот, значи над стихарот.

Кога го облекува свештеникот епитрахилот го целива и го благословува со раката кажувајќи ја следната молитва”Благословен е Бог кој ја излива Својата благодат на Своите свештеници, како миро на главата кое се слива на брадата, брадата Аронова, која се слива на полите од одеждите негови”.

Епитрахилот има символично дејство, имено тој ја означува двојната благодат на Св.Дух, која му се дава на свештеникот во моментот на ракополагањето, како и синџирите со кој Господ Исус Христос бил врзан околу вратот кога бил носен при Понтиј Пилат, а со тоа и потсетување на свештеникот дека и тој зел бреме врз себе да помага во спасението на поверената му паства.
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%A1%D1%82%D0%B8%D1%85%D0%B0%D1%80&diff=2325Стихар2009-05-23T19:51:20Z
Acegakon:

СТИХАР

Стихар грч: (στιχάριον) е дел од богослужбената одежда која што ја носат сите членови или степени на црковната ерархија, па според тоа можеме да кажеме дека стихарот е основен и темелен дел на богослужбените свештени одежди. Стихарот е одежда слична на грчкиот хитон или римската туника која го прекрива целото телото, од главата до петите. Најчесто е изработен од бела боја, кога се носи под други одежди ( кај епископите и презвитерите), а понекогаш и од други бои, според богослужбените прилики, и може да биде и украсен со везови, кога тој е главен и истакнат дел на одеждите, како што е кај ѓаконот , и кај понижите црковни степени по хиротесија, кај кои што стихарот е главна одежда.

Облик и символика

Ракавите на стихарот се широки нема крагња, од задната страна на грбот е извезен крст, се облекува преку главата, и има на предната страна отвор со неколку копчиња заради полесно облекување. Од двете страни испод пазувите, значи и од левата и од десната страна е отворен и расцепот поврзан со копчиња. Должината му е до петите.

Стихарот ја означува ризата на спасението и одежда на веселие, односно мирната и спокојна совест и духовна радост во Господа. Токму поради тоа клирикот кога го облекува стихарот ја изговара молитвата: “Ќе се зарадува душата моја во Господа зошто ме облече во риза на спасение и со одежда на веселие ме преоблече, како жених ми стави венец, и како невеста ме украси со красота”. Добро би било да е бела боја, што ја означува духовната и морална чистота со која треба да се одликуваат свештенослужителите.

Историја

Бидејќи стихарот го прекрива целото тело се вика и подирис ποδήρης а исто така се нарекувала и Ароновата одежда. Со тоа име подирис ја нарекува и Павлин Eпископ Тирски уште во трети век. Денес стихарот е одежда на чтецот, ипоѓаконот, ѓаконот, презвитерот и епископот, со огледа на тоа дека тој потсетува на блиставата облека на ангелите, кој се јавиле на жените мироносици при Христовото воскресение.

Архиерејските стихари се украсени со реки во црвена или црна боја. Во руската Црква стихар се нарекува одеждата што ја носат чтецот , ипоѓаконот и ѓаконот, а подризник облеката која ја носат презвитерите и епископите. (под ризата, под халината).
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%A1%D1%82%D0%B8%D1%85%D0%B0%D1%80&diff=2324Стихар2009-05-23T19:50:46Z
Acegakon: New page: СТИХАР Стихар грч: (στιχάριον) е дел од богослужбената одежда која што ја носат сите чл...

СТИХАР

Стихар грч: (στιχάριον) е дел од богослужбената одежда која што ја носат сите членови или степени на црковната ерархија, па според тоа можеме да кажеме дека стихарот е основен и темелен дел на богослужбените свештени одежди. Стихарот е одежда слична на грчкиот хитон или римската туника која го прекрива целото телото, од главата до петите. Најчесто е изработен од бела боја, кога се носи под други одежди ( кај епископите и презвитерите), а понекогаш и од други бои, според богослужбените прилики, и може да биде и украсен со везови, кога тој е главен и истакнат дел на одеждите, како што е кај ѓаконот , и кај понижите црковни степени по хиротесија, кај кои што стихарот е главна одежда.

Облик и символика

Ракавите на стихарот се широки нема крагња, од задната страна на грбот е извезен крст, се облекува преку главата, и има на предната страна отвор со неколку копчиња заради полесно облекување. Од двете страни испод пазувите, значи и од левата и од десната страна е отворен и расцепот поврзан со копчиња. Должината му е до петите.

Стихарот ја означува ризата на спасението и одежда на веселие, односно мирната и спокојна совест и духовна радост во Господа. Токму поради тоа клирикот кога го облекува стихарот ја изговара молитвата: “Ќе се зарадува душата моја во Господа зошто ме облече во риза на спасение и со одежда на веселие ме преоблече, како жених ми стави венец, и како невеста ме украси со красота”. Добро би било да е бела боја, што ја означува духовната и морална чистота со која треба да се одликуваат свештенослужителите.

Историја

Бидејќи стихарот го прекрива целото тело се вика и подирис ποδήρης а исто така се нарекувала и Ароновата одежда. Со тоа име подирис ја нарекува и Павлин Eпископ Тирски уште во трети век. Денес стихарот е одежда на чтецот, ипоѓаконот, ѓаконот, презвитерот и епископот, со огледа на тоа дека тој потсетува на блиставата облека на ангелите, кој се јавиле на жените мироносици при Христовото воскресение.

Архиерејските стихари се украсени со реки во црвена или црна боја. Во руската Црква стихар се нарекува одеждата што ја носат чтецот , ипоѓаконот и ѓаконот, а подризник облеката која ја носат презвитерите и епископите. (под ризата, под халината).
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%B4%D0%B8&diff=2314Црковно-богослужбени одежди2009-05-23T08:02:00Z
Acegakon: New page: Црковно- богослужбени одежди Црковно-богослужбените одежди се посебен вид на обл...

Црковно- богослужбени одежди

Црковно-богослужбените одежди се посебен вид на облека, во која што се облекуваат членовите на клирот, на Православната Црква. Одеждите имаат своја символична и практична функција. Тие се облекуваат за време на богослужбените свештенодејствија, и без нив истите не можат да се извршат. Тие се богато украсени со везови, од црковни мотиви, крстови, реки и слично а, неретко и со ликот на Господ Исус Христос. Се изработуваат во разнообразни бои за различни радосни или тажни моменти во православното богослужение. Одеждите и носењето на одежди го покажува пиететот на свештенослужителите, кон свештенодејството, особено кон светата литургија. Се облекуваат различни одежди во зависност од степенот на црковната ерархија во која се наоѓа клирикот. Тие имаат и свој историјат и развиток. За секој степен на црковната ерархија постојат различни одежди но има и заеднички за сите степени.

Список на црковно –богослужбени одежди

Стихар- дел од одеждата на сите членови на црковната ерархија па дури и на нижите поставени со хиротесија.

Нараквици- дел од одеждата на сите степени на црковна ерархија.

Орар- специфична одежда и најважна само за ѓаконскиот, прв степен по хиротонија во црковната ерархија.

Епитрахил- заедничка богослужбена одежда и за епископите и за презвитерите, најважна без која не може да се извржи ниедно свештенодејство.

Појас- заедничка одежда и за епископскиот ио за презвитерскиот степен.

Фелон- дел од одеждата на презвитерите која ја носат за извршување на позначајни свештенодејства, односно за извршување на светите тајни.

Сакос- одежда на епископот која се облекува наместо фелонот кај презвитерите.

Омофор- дел од одеждата на епископот многу значаен без кој не може да се извршуваат свети тајни, поконкретно малиот омофор има такво значење, покрај него постои и голем омофор.

Митра- богато украсена капа слична на имераторските круни, дел од облеката на епископот.

Жезл- украсен пастирски стап, изработен од скапоцени материјали, кој што го носи епископот.

Секојдневна облека на свештенослужителите

Покрај богослужбените одежди кој се облекуваат исклучиво за време на богослужбените чинови, членовите на црковната ерархија се облекуваат на посебен начин во секојдневниот живот, со што се одликуваат од другите луѓе.

Тие облеки се: Мантија, Расо или горна мантија и камилавка.
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%92%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8&diff=2307Вселенски собори2009-05-21T11:46:42Z
Acegakon: New page: Вселенските собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православнат...

Вселенските собори, (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на Православната Црква( Патријарси, Архиепископи, или Митрополити), од целиот свет на кој се разгледувале прашања поврзани со верата и поредокот во Црквата. Православната Црква голем дел од светото Предание црпи токму од Вселенски собори, кој после одржувањето оставале акти, односно донесувале канони , ги утврдувале догмите, а сето тоа било објавувано во зборници наречени номоканони. Црквата верува дека првоерарсите на вселенските Собори во своето одлучување биле раководени од Св. Дух, и затоа нивните одлуки се обврзувачки за сите помесни православни Цркви, во учењето за верата и управувањето и поредокот на Црквата. Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат догми (кои имаат доктринска содржина) и канони (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на соборност, и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.

Листа на одржаните Вселенски Собори

Прв вселенски собор, попознат како Никејски собор во Мала Азија (мај-јуни 325)

• Втор вселенски собор, попознат како Цариградски собор (мај-јули 381)

• Трет вселенски собор, познат како Ефески собор (јуни-јули 431)

• Четврти вселенски собор, попознат како Халкидонски собор (8 октомври-1 ноември 451)

• Петти вселенски собор, или Втор цариградски собор (мај-јуни 553)

• Шести вселенски собор, или Трет цариградски собор (ноември 680-септември 681)

• Седми вселенски собор, или Втор никејски собор (септември-октомври 787)
Acegakonhttps://mk.orthodoxwiki.org/index.php?title=%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5&diff=2298Свето Предание2009-05-21T09:34:07Z
Acegakon: New page: Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори светото Писмо и светото Преда...

Православната христијанска вера се базира на два суштествени извори светото Писмо и светото Предание, овие два извори го сочинуваат Божјото Откровение. Светото Предание (παράδοσις; предание, усмено пренесување на верата), е нешто кое што се предава и се живее во Црквата а, е научено (предадено) или востановено како пракса, и, е во согласност со учењето на Господ Исус Хрсистос, апостолите и Црквата го прифатила за такво. Православната Црква им дава еднакво значење на двата извори. Благодатна ризница на светото предание е светата Црква Божја. За тоа какво значење има светото предание пишува и во самата Библија Држете ги преданијата на кој сте научени било со наш збор било со посланица. (2. Сол. 2, 15). Исто како и светото Писмо и светото Предание се смета за боговдахновено. Св. Василиј Велики зборува: “од догмите и проповедите кој што ги чува Црквата, некои ги имаме од запишаното учење, а некои потекнуваат од апостолското предание кое што нам како тајна ни е предадено.” До триесетата година по Христа учењето Христово не било запишано, па се пренесувало усно, оттука заклучокот дека светото Предание му претходело на светото Писмо. Оттука пак произлегува дека светото Писмо и светото Предание се две притоки кој се слеваат во големата река на Божјото откровение. На едната страна стои Светото писмо како извор на Божјото Откровение со своите канонски списи, а на другата страна светото Предание исто така како извор на Божјото Откровение, кое што ги опфаќа, кратките излагања и формулирања на верата, апостолските правила, актите на помесните и вселенските собори, делата на светите отци, литургиите, црковно –богослужбените текстови, побожните обичаи, монашките правила житијата на светиите и друго. Всушност светото Писмо правилно се толкува и разбира само низ светото Предание.

Протестанските христијански заедници не го прифаќаат светото Предание сметајќи дека тоа има човечки происход.

За православната Црква секоја догма мора да биде втемелена и во светото Писмо и во светото Предание подеднакво, бидејќи и двете се боговдахновени и имаат Божествен происход.
Acegakon