Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети великомаченик Димитриј

Додадени 126 бајти, 22:05, 7 ноември 2007
нема опис на уредувањето
Пријателот на царот Максимијан, царот Диоклецијан во 303 година нареди рушење на сите цркви и спалување на светите книги, одземање на граѓанските права, честа и заштитата на христијаните, а ослободените робови, доколку продолжеле со усповедување на Христовата вера ја губеле својата слобода. Со втората царска наредба, во темнина беа испратени не само верниците, туку и свештенослужителите, а со третата Христијаните бие подвргнати на најстрашни измачувања доколку и понатака одбиваа да принесат жртви на идолите. Гледајќи дека ниту тоа не вродува плод, царот започна страшна борба која започна со спалување на дваесет илјади христијани во градот Никодимија, и тоа на самиот ден [[Велигден]]. Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун.
[[Слика:Dimitrij Solunski.jpg|right|thumb|250px|Свети вeликомаченик Димитриј Солунски]]
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги постави Божјите заповеди. Го сакаше Господ Бог со сето свое срце и душа па веднаш по враќањето од царската престолнина почна јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубожтвото водејќи го така кон спасение. Со љубов посеаниот Божји збор падна на плодна почва, па народот од солунската област почнал масовно со крштевање. Младиот Димитриј знаеше дека поради тоа го чека сурова казна, но никогаш не се покајал за тоа.
3.103
уредувања

Прегледник