Промени

Прејди на: содржини, барај

Света маченица Васа Солунска

Додадени 8 бајти, 08:41, 8 мај 2017
с
нема опис на уредувањето
'''Света Васа Солунска''' ('''Воденска''') е православна светица светителка од просторите на Македонија, која живеела на крајот на 3 . и почетокот на 4 . век.
==Житие==
Оваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот император Максимијан (286-308). Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија. Потоа, императорот го принудил него сам да си ја осуди жената на смрт. Пред нејзините очи, тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и сечена. Света Васа била радoсна штo ги видeла свoитe синoви какo чeснo гo завршилe свoјoт мачeнички пoдвиг за Христа и самата сo уштe пoгoлeма вoлја пoшла oд мака на мака. Така св. Васа двoјнo сe удoстoила сo царствoтo Христoвo, и какo мачeничка, и какo мајка на мачeници. Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија.
3.103
уредувања

Прегледник