Промени

Прејди на: содржини, барај
нема опис на уредувањето
'''Св. Кирил''' и '''Св. Методиј Солунски''' се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја, почнувајќи од деветти век. Наречени се сесловенски просветители и рамноапостолни (еднакви на апостолите). Се почитуваат во сите словенски земји.
[[Image:Cyril_and_Methodius.jpg|right|Свети Свети Кирил и Методиј рамноапостолни]]
 
== Историски околности ==
 
Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу Првото Бугарско царство и Византиjа. Во таа ситуација византиската власт не можела да ја спроведува политиката на отворен притисок врз словените во Македонија и Грција. Во првата половина од IX в. словенските племиња на територијата на Империјата сè уште се ползувале со многу широка автономиjа и нивното управување било во рацете на архонти од местното население, зa кои постепено и многу внимателно се правеле обиди да бидат заменети со византиски чиновници. Наедно со тоа и опасноста од Бугарија, која ја ограничувала слободата на деjствата на византиската власт, барала од неа изнаоѓање нови патишта, како поцврсто да ги поврзе словенските краишта со Империjата. Таа цел можела да се постигне со христијанизација на словените и создавање на црковна организација во нивните земји, која што би била потчиненета на Константинопол. Многубројните епископии, кои се појавиле на словенските земји околу 869/870 г., сведочат дека таа можност византиското раководство не ја отфрлало, и словенските земји станале објект на мисионерска дејност. Во тие услови византиската власт би можело да биде заинтересирана за создавање на словенско писмо, кое би помогнало во работата на византиските мисионери меѓу словенското население. Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Македонија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на императорската власт. Тоа бил Лав, друнгариј на Византиската тема Солун, чија позиција ги вклучува Словените од Македонија. За неговата сопруга Марија, се претпоставува дека е Словенка. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето. За етничкото потекло на светите браќа е дискутирано многу, најчесто од аспект на модерното разбирање на нацијата, но при постојната состојба на изворите, ова прашање не може добие определен одговор.
== Историски околности Ран живот ==
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на [[свети Григориј Назијанзин]] и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
 
== Почеток на мисионерската дејност ==
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на [[Византија]], чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во [[Цариград]], каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
Делото на светите браќа по упокојувањето на Свети Методиј било доведено во прашање, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави Божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.
 
==Почеток на подвигот==
Во последните времиња блеснаа блажените отци и учители и со своето учење и чуда ја просветија земјата на Словените, така што пред Бога се претставија “силни во животот” и проповедници на Словото. Да се опише нивниот живот е многу пожелно, но тоа ги надминува нашите сили. Затоа барем малку да напишам од нивните многубројни и величествени дела, јас се надевам дека и со тоа ќе посведочам за човекољубивоста и благоста на Бога, Кој е со нас и пребива во нас, во сите дни до крајот на векот, како што ветил, зашто не се изменила нашата природа, туку се изопачиле нашите чувства.
А тие отци се - Методиј - кој ја украси Панонската епархија како архиепископ моравски, и Кирил - кој беше силен во надворешната философија а уште посилен во внатрешната, покорувајќи ја елинската философија на Христовата мудрост - како што се покорува роб на господарката своја. Тој ја разбираше природата на Оној што дејствува, Оној што “суштествува”, Оној, Кој создаде сѐ од небитие во битие. Поради чистотата на својот живот, тие во себе го примија Бога, а од стравот што го добија во својата утроба - за да го родат спасителниот Дух, беа изобилно вдахновени од учителското слово, што беше распространето на грчки јазик. Благодатта на таа нивна мудрост привлече многумина. Меѓутоа словенскиот народ не го разбираше Писмото напишано на грчки јазик, а тоа светителите го сметаа како голем недостаток и жалеа зашто “Светилникот на Писмото” не е запален во помрачената словенска земја. Што тогаш направија тие? Се обратија кон Утешителот и кон помошта на Словото, Чиј прв дар се јазиците. Ја измолија Благодатта - да пронајдат букви, што одговараат на грубиот (необлагороден) словенски јазик, за да можат на тој народен говор да го преведат Божјото Слово.
И навистина, откако се предадоа на строг пост и непрекината молитва, на телесно истоштување, душевна понизност и смиреност, тие го постигнаа тоа што го сакаа, според реченото: “''Господ е близу до сите што живеат во вистина и Го повикуваат името Негово''”. Како што рече: ”''Еве дојдов, зашто Јас сум Бог што се приближува а не што се оддалечува''.” Така, тие ја примија благодатта на [[Светиот Дух]], светлината на знаењето ги осветли праведниците, и нивната тага премина во радост. Откако го примија овој скапоцен дар, тие ги создадоа словенските букви, ги преведоа Боговдахновените Писма од грчки на словенски јазик и божественото учење им го предадоа на своите најспособни ученици. Тогаш мнозина пиеја “од изворот на тоа учење”, а Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, беа одбрани како првенци во тоа стадо.
==Патувањето во Рим==
3.103
уредувања

Прегледник