Промени

Прејди на: содржини, барај

Тропар

Додадени 2.058 бајти, 10:42, 9 ноември 2009
New page: {{никулец}} '''Тропар''' (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настан...
{{никулец}}

'''Тропар''' (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна [[Молитва|молитвена]] песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во [[Канон]]от, тропарот следи после [[ирмос]]от. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на [[Пресвета Богородица]]. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихови од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат [[стихири]]те.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.


[[Категорија:Никулци]]
3.103
уредувања

Прегледник